[ЗА ЛЕБАРИТЕ] ПРОДАВАЈТЕ ГО ЛЕБОТ ПО 0,71 МКД

Day 1,190, 07:28 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Ја менувам статијата поради многуте пораки кои ги добив откако го објавив првиот дел.
Голем дел од играчите ми испратија пораки дека и нивниот леб е откупен од админите по цени од над 0,71 МКД што ме тера да се замислам, како тие пари, ќе се одразат врз нашиот монетарен систем.
Претпоставувам дека некој што се разбира од макроекономија ќе може да зборува за последиците и да дава предлози за надминување на ситуацијата, а јас овде ќе зборувам за прехрамбениот пазар.
Лебарите се соочени со ситуација кога мораат да купуваат од пазар кој житарите дефакто го контролираат и на кој ја договараат цената, а да ги продаваат производите на пазар кој е слободен и каде пазарните услови ја одредеуваат висината на цената.
Во такви услови, админите интервенираат на нашиот пазар и внесуваат денари кои потоа, катастрофално се одразуваат врз нашата економија.

ЗАТОА

Ги повикувам производителите на леб, да ја подигнат цената на лебот на минимум 0,71 плус даноци. На тој начин, (дококу житарите не се договорат за нова цена) ќе се влијае на стабилизрање на прехрамбениот пазар, стабилизација на монетарниот систем и секако, финансиска стабилизација на производителите на леб.
Лебарите мораат да сватат дека немаат друг начин да се борат против картелското здружување на житарите, освен да им одговорат со иста мера. Да ги договорат цените. Ако лебарите ја дигнат цената на лебот, ќе се отвори простор да можат да бидат конкурентни и на пазарот на работна сила, каде поради ваквата ситуација, веќе ја изгубија битката.
Повеќето менаџери на лебни компании кои ги консултирав пред да го напишам текстов се пожалија дека во последниве недела дена останале без речи си 50% од работниците. Платите кои ги нудат житарите се далеку повисоки од оние кои лебарите можат да ги понудат на овие цени.

Засега гледам дека цената е дига на 0,66 за векна леб но и таа е прениска, за цена на жито од 0,08.

За крај, ќе напоменам дека денеска админите ми откупија 400 леба по 0,71 плус даноци. Добив околу 10 пораки само денеска од лебари кои ми потврдија дека и нив им се случува истото.
Значи, лично, јас, денеска сум во ќар... но еМакедонија не е.
Затоа, кога ставате лебови на пазарот, добро размислете... Битно ви е да ги продадете одма и да изгубите ... или битно е да ги продадете со профит... Леб мора да се јаде... а ќе се купува и да се продава по 1 денар за векна.

Покачувајќи ја цената на лебот, освен што си помагате себе си Вие и помагате и на еМакедонија.


Ова е текстот што го објавив вчера

Немам многу време за пишување па само на кратко ќе ви кажам што се случи. Играчот Aleksandar Miskovski ми испрати порака дека секоја вечер ги остава лебовите по цена од 0,71 и утрото му се продадени. Ми рече дека се сомнева дека админите ги откупуваат и ми рече мене и на уште неколку играчи да го пробаат истото. Вчера и јас оставив 95 леба за продавање по 0,71 и утрото ми беа продадени.
Не знам, точно дали се админите или пак некој друг ги купува, сепак, на крајот се продадени.
Еве што ми пиша денеска откако му реков дека и моите се продадени по таа цена.

„Да, еве сега и другиве ми пишуваат на сите им се продадени. Тие што имаат ставено поголеми суми од 400 леба им останало рестото непродадено али дефинитивно има автоматско откупување. Сега мора да се рашири муабетов насекаде затоа што ако продолжиме вака да продаваме на админите ќе ни доагаат пари на пазарот кои се непостојни и тоа ја турка валутата на денарот долу затоа што има голем наплив на денар а златото останува исто. Лебот потхитно мора да скокне на 0.7 минимум. Ако имаш време можеш да пуштиш статија за ова пошто мислам дека си најчитан од сите што ги знам. Поздрав.“


Еве тоа е тоа, ако има некој друг што има вакво искуство, нека каже. Моите лебови се продадоа.
Ништо не ве кошта да оставите 3 леба ноќе и да видите дали ќе се продадат.

Од друга страна, додека некои луѓе се обидуваат да го продадат лебот што побрзо, без да израчунаат дека секој ден со оваа цена на житото, една лебна фирма иде у минус најмалку 10 денари. Тоа не е мала сума.
Доказ повеќе е и фактот дека пазарот на работа сила е преплавен од огромни плати кои ги даваат житарите бидејќи трупаат заработки на грбот на производителите на леб. Такви плати со овие цени лебарите не можат ни да сонуваат да исплаќаат што резултира со префрлање на работната сила кај житарите и угинување на лебните фирми.
Тоа во секоја слободна економија треба да резултира со зголемување на цената на лебот, но нови, неписмени и непресметани менаџери на лебарски компании ја серат работата.
Мора да се знае, дека ако пропаднат лебарите, ќе пропадне една важна економска гранка во државата која полни добар процент од даноците.