Homo homini lupus - Крстопат

Day 1,236, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Имајќи го во предвид дека сме пред историски најважниот момент во историјата на еМакедонија, повеќе од потребно е моето активирање на тема „статии“.
Дел од секоја игра е имање доволно доблест за да изгубиш, да дозволиш другите да го кажат своето мислење, да дозволиш другите да се испробаат.
Многу егоистично е да се мисли дека ние сме најдобри, дека сме незаменливи, дека сме најчесни и дека сме единствена идеја.
Деновиве ОеМ прави нешто незамисливо, ја држи целата држава во заложништво. Партијата чие мото е обединување моментално е егоистично 3 годишно дете кое „кенка“ околу изгубени избори. Уште по патетично е дека личноста со слична рефлесија на своето гејмерско име „Јунајтед“ се однесува недостојно на рангот на играч кој го претставува.
Мислам да беше работата за некој тазе печен играч и некои што нема искуство, не би се ни замарал ама вака работите се далеку од блескави.
Добронамерен АПЕЛ до целата владејачка гарнитура во заминување: Бидете достојни на изборот на играчите и на лошиот избор кој сте го донеле САМИТЕ.
Струмјанин, те молам за атер на пријателството кое постоеше замоли ги тие во твоето опкружување да ја остават новата гарнитура да функционира, твојата функција престанува кога власта ќе биде предадена, а тоа сеуште се нема случено.

Апел до власта која треба да настапи на бината: Фатете се со работа за клучните проблеми, не се замарајте со секој поединец кој пропагира свои интереси, наспроти на интересите на државата.

Титулата Претседател е товар, не е случајно што се дава медала за тоа. Да оддадеме почит на таа титула, особено ако сме имале прилика да ја носиме.

Со почит,
SaveAss