144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Day 2,998, 03:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec2015

Денеска се одбележуваат 144 години од раѓањето на Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруари 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) – идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.
Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, на бројната и угледна фамилија Делчеви. Неговите родители биле добро ситуирани и едно од најстарите семејства во Кукуш. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Како плод на овој брак се родиле десет деца – шест ќерки и четири сина. (Тинка, Руша, Цоца, Гоце, Тина, Лика (Велика), Еленка, Мицо, Милан и Христо).