Федерација - Новиот поредок (SaveAss)

Day 2,252, 07:18 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss
Последната статија за подолго време...
можеби ќе бидам исплукан и прогласен предавник, но уште пред да почнете да читате да знаете дека си ја сакам Македонија. Нешто ново верувам нема да се случи (впрочем и оваа идеја е стара, но ете морам да потсетам)


Пред грубо некаде година дена како дел од владин тим дадов предлог за широка федерација која би ги вклучувала Македонија, Албанија и Црна Гора.
Оваа идеална тројка како што може да се види има многу поголем бенефит од здружување отколку да настапуваат секој посебно на кој било план.
Новите промени на Плато дополнително дозволуваат полесно менаџирање на таква една структура т.ш. мислам дека е сега една таква идеја дури е и полесно да се оствари.

Моментална ситуација?

Моментално сите три земји имаат голема дијаспора, каде што Македонија предначи многу. Штетата е распределена кај некои сојузници или локални земји давајќи им нереална предност во преговори.
Дополнително сите три земји немаат доволно сила самите да опстанат и буквално живеат од трошките или сожалувањето на локалните земји или сојузи. Од реакциите можам да кажам дека кај Црна Гора тоа е најочигледно.
Моментално сме во рамки на формирање на нови сојузи т.ш. времето за ваков договор е идеално, а оваа влада има потенцијал да го направи чекорот.
Нема да биде лесно, еден ваков чекор кој за еРеп е непознат ќе биде доста тежок да се изоди, но цврсто сум убеден дека тој пат може да се изоди од сите три држави.

Што би значело тоа во поголема рамка?

Во поголема рамка тоа значи дека ќе имаме 3 претседатели, 3 конгреса и дека за секоја одлука ќе треба да се бара консензус. Тоа иако изгледа напорно, ќе значи дека потенцијалот, пријателствата, влијанијата и ресурсите на сите три земји ќе се спојат во една.
Ако добро го разбрав Ел Че во неговатата порака, редно е да им покажеме на империјалистите Србија и Грција дека заедно сме појаки.
Овој начин би имале контрола врз федерациската територија и малку потешко некој би можел да војува со нас, дијаспората би се вратила назад со што касата и финансиите ќе пораснат многу. Тогаш ќе прераснеме во голема федеративна сила каде верувам дека и некоја локална земја ќе сака да се приклучи зашто сама не ќе може да опстане.

Апелирам да подадеме рака кон Албанија и Црна Гора, ако не одбијат, барем ќе знаеме дека сме понапред од нив од секој аспект на модерно општествено уредување.

Со почит,
SaveAss

П.С. Дури и да пробаме, што може сите три земји да изгубат ако пробаат?
Колку што се сеќавам со оваа изјава се промени данокот на увоз на WRM Македонија и уште е истиот 1% 🙂
Што знаете, можеби и Бугарија ќе се согласи со ова?

ДОПОЛНУВАЊЕ:

Моментално не можеме да опстанеме зашто сме поделени под неколку земји т.ш. ефективно штетата е распределена и амортизирана, сосема друго ќе биде ако удриме сите кај еден и удриме јако.