[sarmetina] Вистината најмногу боли

Day 1,977, 06:38 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Вистината најмногу боли
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-2247690/1/20



Еј колку време помина откако поселден пат напишав артикл. Од тогаш до сега многу работи се сменети. Имам 10К повеќе сила, неколку тенкари плус и многу помалку желба за играње. Се логирам, со овие додатоциве набрзина купувам ресурси, работам, тренирам и се гасам. Бомбонче немам извадено може месец дена... ДО не пукам... онака... тапа...

После месец дена отварам да видам што се дешава со моите работници... Од 160 луѓе колку што имам вработено, ми работат едвај по 40 луѓе... не можам ни тенкарите да ги изработам...
Гледам некои постари играчи што се вработени кај мене со денови не се уклучиле на играва или барем не работеле... катастрофа...

Затоа, админите секој ден измислуваат некој нов попуст.. купете злато на 30% попуст, надградете ги фирмите на 40% попуст, надградете третнинг центри за 30% попуст, за 10 евра купете сет за војвање, рудници со богатство, договори за тренирање... што се нема да им текне

Лакомоста да се заработи некој денар повеќе, од играва направи катастрофа... Среќа за админите што се уште има педесетина играчи кои даваат и по 20 евра дневно па нив супер им оди... за нас, кои овде наоѓавме забава и дружење, искрено не ги боли к....

Економскиот модул доживеа целосен колапс и веќе никој не се ни замара да го врати во нормала... Еден нов играч не може да заработи ни за 2 тенка а да не збориме за леб... За да пука во војна, мора да троши злато кое се купува со пари... како што излезе, eRepublik стана скапа забава... За 10 евра (колку што чини еден сет за војување) можете да се договорите со другарите и да отидете во кафана. 5 луѓе по 10 евра искача солидна вечер... Епа зошто некој би висел пред компјутер кога може да фрли 3-4 ракии и некое пиво во неко кафанче... ќе види накое девојче...

Играчи кои многу ги почитувам апелираат на нов прилив на играчи, бејби бум...
Ќе ги донесеме, ок... тоа не е голем проблем, но што потоа... за нив овде нема да има забава, бидејќи ја нема ниту за нас... Ќе се логираат, 3 дена ќе проверуваат и толку...

Отсекогаш сум мразел да критикувам без да дадам некој предлог за решеие, но овде, на оваа игра, нудењето предлози до админите е дување во ветер... празен муабет...
Веќе не знам колку апели има од искусни и почитувани ирачи дека е време да се смени нешто, но како што гледаме, сите промени одат само во насока на поголем профит за сметка на игривоста и ултимативно, на нашата забава...

Затоа, наместо до админите, ќе испратам порака до сите играчи, оние помалдите, па и оние кои што се овде од самиот почеток.. оние кои се водат како „мои деца“ па и до сите други..
Не купувајте злато со реални пари... еден ден секако ќе ви здосади оваа игра. Нема игра која се игра цел живот.. Сите тие пари кои им ги давате на админите ја губат вредноста во истиот момент кога ќе ја куцнете картицата... овде златото е само обична бројка на мониторот. Нема вредност... овде тенкот е само клик на маусот и ништо повеќе, овде секоја победа е само еден ден тролање...
Девојката под рака и во кино, во кафана, диско, на излет, до Охрид... кај било... парите имаат многу поголема вредност кога ќе бидат така потрошени...
Верувајте дека ќе ви биде интересно и ако играте со 0 злато, ако се гребете за тенкови, ако барате пари на заем од соиграчите...

Можеби овој текст и нема долго да остане бидејќи првиот пат кога админите ќе си го преведат јас ќе добијам казнени поени а линкот повеќе нема да се отвара. Но нема врска, тоа е само доказ дека сум во право за се што е овде напишано... Бидејќи вистината најмногу боли

[sarmetina] Вистината најмногу боли
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-2247690/1/20