[sarmetina] Предлог Устав на еМакедонија

Day 1,742, 11:42 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina

Денеска имав малку повеќе слободно време, па сакав со Вас да ги споделам моите размислувања, околку тоа, да изготвиме еден вид надзаконски акт (Устав) кој ќе ги регулира прашањата кои Плато не се сетил да ги реши, или пак ги решил на начин на кој што според мене на еМакедонија не и одговара.

Затоа, Ви го доставувам овој драфт на Уставот на еМакедонија.
Предлагам да се отвори дебата околу овој предлог и откако ќе му се додадат сите забелешки, да биде ставен на референдум, на кој што ќе се изјаснат граѓаните на еМакедонија.

Затоа, чувствувајте се слободно да дадете било какви забелешки, конструктивни предлози и критики и заеднички еднаш за секогаш да ги решиме големиот број проблеми кои ни се јавуваат на изборите

За да го видат што е можно повеќе еГраѓани, апелирам за шаут.

ЕДИТ:

За сите што пишуваат дека играва има претседателески систем одма да им кажам дека не се во право. Никаде Плато не регулирал дека треба да има Влада и дека претседателот треба да ја бира. Сами сме решиле така.
Инаку, систем во кој конгресот може за што сака да го смени претседателот, не може да се нарекува претседателски


[sarmetina] Предлог Устав на еМакедонија
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-2110254/1/20

1. Македонија е демократска држава, во која сите закони ги носи Конгресот.

2. Конгресот е составен од пратениците кои се избираат на непосредни избори секој 25 во месецот.

3. Конгресот носи закони, склучува и растура сојузи, одлучува за разрешување на Претседателот, избор на природен непиријател.

4. Конгресот е должен да ја избере Владата.

5. Мандатот за Владата го добива Претседателот на партијата која има освоено највеќе мандати на конгресменските избори. Мандатарот е должен во рок од 24 часа да состави свој кабинет, Влада и на Конгресот да му ја достави програмата за работа за престојниот мандат.

6. Владата изготвува Предлог законски решенија и му ги доставува на Конгресот на усвојување. Владата не може директно да предложи Закон бидејќи ниту еден нејзин член не може да биде во законодавната власт (Конгресот). Таа го известува конгресот и тој се координира, кој од конгресмените ќе го поднесе законот. Останува и правото на Претседателот и секој конгресмен да поднесе закон по 2 пати во мандатот.

7. Конгресот може да ја разреши владата доколку 2/3 од конгресмените гласаат за тоа, на предлог на најмалку 3 конгресмени или 500 еграѓани.

8. Премиерот (мандатарот) има дискреционо право да назначува и разрешува министри. Тој сам одредува колку министерства ќе има неговата влада и кој ќе раководи со нив.

9. Премиерот и неговата Влада не располагаат со финансиски средства. Својата работа ја вршат на доброволна основа, без финансиски надоместок.

10. Претседателот е врховен командант на Армијата и раководи со Народната банка. Тој е должен да ги чува средствата на државата и 1 ден пред истекот на мандатот да достави отчет за тоа, со колку срества ја затекол државната каса, а со колку ја оставил.

11. Претседателот е должен да назначи Воен генерал, кој ќе го заменува на местото прв човек на вооружените сили.

12. Конгресмените се должни да присуствуваат на секоја седница на Конгресот, а доколку имаат реални причини да отсуствуваат за тоа да го известат Претседателот. Доколку 2 седници по ред не присуствуваат Преседателот е должен за тоа да објави статија и да ја извести јавноста.

13. На седниците на Конгресот покрај конгресмените присуствуваат Претседателот, Премиерот и министрите чии што Предлог закон се разгледува. Премиерот и министрите немаат право на глас.

14. Основен услов за претседателска кандидатура е граѓанинот да е над 40 левел.

15. Основен услов за конгресмен е граѓанинот да биде над 35 левел.
(партиите кои нема да ги почитуваат овие услови и ќе кандидираат членови кои се под левелот да бидат јавно опоменати, а граѓаните со моќни весници, за тоа да ја известат јавноста и да повикаат, граѓаните да не гласаат за нив додека не го стекнат потребното искуство)

16.Кандидатите кои ќе се натпреваруваат на изборите, не смеат преку шаути или пак било какви пораки да нудат пари, храна, оружје или било какви услуги за глас. За да се задржи релевантноста на изборите, се забранува на гласачите да им се нуди и пари во замена за карта.


Тоа е сега за сега. Може да се додаваат уште многу точки кои ќе ја подобрат климата.