[sarmetina] Нови даноци ?

Day 1,490, 12:38 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Нови даноци ?
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1927804/1/20
~~извик~~


Браќа време е за нови даноци.
Уште пред да почне мандатот на овој претседател, предложив доколку се дигнеме со ресурси, да ги зголемиме даноците за да извршиме притисок врз златото и да ни стане повреден денарот.
Зголемувањето на даноците секако значи дека државата ќе повлече повеќе пари, што ќе ги намали приливите на граѓаните и ќе ја намали нивната куповна моќ.
Помала куповна моќ, на краток рок ќе значи и помала штета во битките, па затоа мислам дека сега е најпогоден период за да пробаме да ги дигнеме даноците, со оглед на тоа дека немаме многу тешки битки и дека е време, да и се поветиме на економијата.

Каква даночна политика да водиме?

Според мене, во ова време потребно ни е зголемување на даноците во следниов обем:

Прва фаза (имплементација веднаш)

Income Tax сега е 1% за сите производи и ресурси а мојот предлог е да се зголеми на 6% за сите производи и ресурси (Income Tax е данокот кој ни го зема државата кога примаме плата и ни го одбива од неа)

Import Tax сега е на 75%, а мојот предлог е да се зголеми на 99% за сите ресурси и производи, без разлика каков ќе биде данокот на куќи и карти бидејќи се небитни (Import Tax е данокот кој го плаќаат оние кои продаваат со лиценци на нашиот пазар, ако има такви)

Втора фаза (имплементација одложена за две недели)

VAT сега е на 5% за сите производи, а ресурсите не се даночат. Предлагам да биде 5% за храна и 7% за оружје а ресурсите и натаму да не се даночат.(VAT е данокот кој државата го зема на секој продаден производ. Нешто како ДДВ во РЖ). Помалиот данок за храна да биде како поттик да се вратат лебните фирми поактивно на пазарот.

Одложеното воведување на даноците е за да не се создаде драстично намалување на куповната моќ и со тоа штетата во битките.


Зошто ваква даночна политика?

Целта на ваквата даночна политика е да се приберат денарите од оптек за да се намали цената на златото. Во моментов на пазарот има многу денари. Од друга страна, Плато (како што сите викаат) убацува денари на пазарот купувајќи производи. Мислам дека ние треба да одржуваме некаква рамнотежа (за тоа играме нели)
Според прокециите на даноците кои беа направени пред неколку месеци по последните корекции, приходите во државната каса беа проектирани на нивото од 100.000 денари на ден, колку што може да се трансферираат согласно тогашните измени. (Ако ова не е точно, поради промените во курсот и цените, нека се соопшти новата бројка, па со неа правете ја целата математика)
Значи ние имаме исто приходи и расходи, а уфрлањето денари на нашиот пазар не престанува. Значи „некој“ постојано додава денари. Повеќе денари значат поголема побарувачка на злато, а поголема побарувачка е поголема цена.
Кога ќе се намали количината на денари во оптек, ќе има помала побарувачка за злато, што значи дека тие што сакаат да го продадат, постојано ќе ја спуштаат цената.


Поефтино злато!!

Поефтино злато нема потреба да се објаснува што значи за секоја еДржава.
На крајот, погледнете ги даночните политики на Србија и Полска (имаат по 9 ресурси) и после видете им ги цените на ресурсите. Ист е соодносот со златото како кај нас, а цените се исти...
Двете земји имат различни начини да извлекуваат пари и одржуваат доста стабилен курс во однос на условите ...

Им предлагам на конгресмените да размислат околу оваа идеја и да кажат што мислат за малку постегната економија


[sarmetina] Нови даноци ?
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1927804/1/20
~~извик~~