КАКО ДА ПОБЕДИТЕ - MATRIX RELOADED

Day 1,167, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Знам дека денес напишав една статија, истата беше со малку чудна тема ама сепак некако се ближи времето да ја напишам најважната статија во мојот еЖивот: Како да се победи?

Знам дека мојот весник нема многу читатели ама оние малкумина кои ќе ја прочитаат статијава барем ќе го знаат одговорот.

Значи за да бидеш победник во нешто прво треба да си ги знаеш непријателите, после треба да ги откриеш нивните слабости и на крај да ги искористиш истите за да победиш.

Можеби некоја лична сатисфакција е тоа што барем сега знам дека таму надвор има многу поважни работи него седењето пред компјутер и следењето на некоја 16 – 30 часовна војна, лакомост по виртуелно злато, трчање по слава, пцуење како сељаци и не доквакани за националност, вера и други недостоинствени навреди. Со еден збор простаклук.

Многу интересен фактор во целата оваа ситуација е дек анекои луѓе паѓаат толку ниско што дури и во виртуелни услови пробуваат да извлечат некакви максимуми на туѓ грб (да зезнат некого)

Епа до сите Вас кои мислите дека сте паметни, сакам да ви кажам дека во рамките на еРепублика не сте ништо повеќе од БОТОВИ. Единствен период кога не сте БОТОВИ е моментот кога ја користите Вашата кредитна картичка и тогаш сте муштерии, ама само за момент, после тоа пак станувате БОТОВИ.

Зашто тогаш Админите не направат свои БОТОВИ него ве користат Вас?
Чините многу поефтино од ботови, а зашто сте различни правите да им биде поинтересно на оние ботови кои плаќаат за да бидат најдобри и сите се придржувате до просперирањето на играва. Прав матрикс во кој што нели единствено непријателот е непобедлив, зашто не го гледате.

Добро значи кога заклучивме дека сите кои играме сме ботови и дека играме нешто што не знаеме како да го победиме да прејдеме на интересниот дел, а тоа е како сето ова влијае на нас:
- Ги запоставуваме сите околу нас, нашиот бизнис, нашето образование и најважно нашиот успех во реалниот живот.
- Сакајќи или не рекламираме туѓ бизнис без притоа да побараме пари за тоа
- Ги врбуваме нашите приатели и они да станат Ботови!!! како нас.

Од сета оваа интересна ситуација се гледа дека најголем непријател во рамките на играва е самата игра т.е. Админите. Она што ме чуди е како тие неколку души се по паметни од сите играчи па во некаков виртуелен свет полн со багови, ние повторно не наоѓаме начин да победиме.

Значи конечно поентата:
Нашиот непријател се Админите кои со помош на нивното оружје (играва) успеваат да дупчат толава маса на луѓе, а ние уште и да го поддржуваме тоа.
Интересно е што кога ќе се излезе надвор од матрицата постојат повеќе начини да се победи во играва и истите ќе ви ги презентирам подолу:
- Да се откажете: Ова е тривијален начин кој е успешен во сите игри од овој карактер. Нема што многу да се објаснува, ако не сте го прочитале договорот во она „Се согласувам“ веројатно ќе видите дека се’ што правите или постигнувате во играва е сопственост на еРепублика. Значи се’ што правите не е ваше лично.
- Да почнете да размислувате како луѓе, наместо како БОТОВИ и како такви да видите дека само со обединување на сите може да се постигне едиство т.е. федерализација на цел еСвет и со тоа сите да станеме победници. Значи како втора опција е обединување во една голема федерална земја.
- Сите да престанат да купуваат со кредитни картички и така да се банкротираат Админите по што самите ќе ја изгасат играва.

Епа драги читатели, додека го читате овој натпис се надевам дека ќе станете свесни дека сте дел од една совршена матрица од која треба да излезете. Верувам дека оваа статија ќе ве направи повеќе луѓе, повеќе живи, по човечни и дека ќе ги најдете вистинските причини зашто да ја играте оваа игра, зашто сте тука и зашто сме заедно.

Благодарам на одвоеното време!
Со почит,
SaveAss