КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ [Lancelot66]

Day 1,259, 13:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Lancelot66
ПОЗДРАВ еМАКЕДОНИЈО!!!

По ставањето на третата а за него и последна кандидатура за претседател на Струмјанин никој не изваде статија за претседател, а избори со еден кандидат во нашата мала, а и не толку мала еМакедонија, нема да бидат демократски, па затоа се решив да влезам како претседателски кандидат за наредните избори!!!

НА 5ти МАЈ!!!
На 5ти мај ке се видиме со Струмјанин лице в лице и ќе видиме кој го поддржува овој народ кој во последиот месец беше како стадо овци без овчар!!!
Иако се појавија овчари и се сменаа неколку овие овци никој не го слушаа и си тераа по свое.

Но овие овци не се овци!!! Овие овци се еМакедонци!!!

Овчар не е тој што цел време ја држи ‘власта’ за себе – овчар е оној кој е способен да создава други овчари.

Целите за мајските денови ке бидат:

Влада и министерства и други тракатанци!!!

Во идната влада ке влезат компетентни лица кои веке подолго време ги спремам за овчари на стадото CHAOS ORDER и нема да има соработка со другите партии! Тука ке владее хаосот со своите хаотични овчари и секој друг ке биди опозиција! (размислувам да земам еден од арАмиите чунки тие имаат искуство во крадење ама само како надгледувач)

ВОЈСКА!!!

Досега собраната војска на еМакедонија како тигри, волци, лавови и други животињи ке бидат распуштени оти од државните ресурси само одеа по распуштеници и логично е тие да се распуштени. Другите така нарешени паравоени единици ке си станат вистински паравоени и кај што ке најдат пари таму нека одат да маваат јас рефунд нема да давам, напоменувам НЕМА РЕФУНД!!!

Мојот тим!!!

Мојот тим сум јас Lancelot66 не толку познат во народот поради свое намерно неекспонирање но времето дојде јас да блеснам како светла точка во оваа црнина или како светла ѕвезда на темното еМакедонско небо или незнам како сакате вие одлучувате!

И за на крај не ми треба чоек за photoshop си знам колку толку!!!


Through Chaos I bring Order!!!

и за крај една слика од мене:




















епа не ме гледате нинџа сум!!!

edit: се бара партија за да ме поддржи!