Трето претседателско обраќање [Hristijan Tasevski]

Day 2,443, 16:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Долго размислував од кој весник да ја објавам оваа статија дали од мојот или од државниот ама сепак се одлучив да биде државниот да не фаќате после и за тоа замерки. Во ова обракање ќе се задржам на 3 точки и тоа:


1. Зошто секогаш барате некој виновник ?

Ќе почнам од актуелните настани со Австралија, но морам малце да се навратам за да ви ја доловам целата ситуација.

Уште на почетокот ако се сеќавате мојот мандат започна со навреди, но без разлика на се, сите престанавте да тролате во моментот кога ги ослободивме нашите региони и сериозно им се заканивме на Грција па дури и ги нападнавме во еден од нивните оригинални региони. Покрај тоа им кренавме и ослободивме над 10 региони кои што беа под нивна контрола, а припаѓаа на Саудиска Арабија и Египед. После тоа беа нападнати од Италија и ги доведовме до работ да имаат граница со Чиле (Србија ги спаси), а со тоа да добијат уште еден непријател кој директно ќе ги загрозеше нивните оригинални региони. Исто така за малку ќе добиеа и напад од Бугарија, но работите некако не испаднаа по планираното.

После сето ова очекувано беше Грците да превземат нешто и да ни зададат некој сериозен удар кој директно ќе не загрози, а тоа го направија преку Австралија кои покрај што ги потрошија сите пари за CO и бараа помош по шаут исто така и добија огромна помош од Грција која што всушност ги поттикна на сето тоа за да не оттрганат од Балканот за да не им правиме дополнителни проблеми, а на Австралија ќе им се оддолжиме и ќе им го земеме и тоа мало парче во Саудиска Арабија што го имаат.

Додека ги ослободувавме регионите и кога ги нападнавме грците супер беше, кога не нападнаа и почнавме да губиме ЦРЕПОТ е крив...

И каде е сега тука мојата вина кога со неброени пари за CO ни зададоа огромен удар ???

Да земам 5000 евра и да му ги поклонам на Плато за и ние да имаме висок CO ?!

Навистина многу се залагав и сакав да им се заканиме сериозно на Грција како играч кој во минатите 4 давал се од себе во битките против Грција но ајде бидете реални и признајте дека колку и да се трудам и да бидам активнен се е залудно кога силата е во MasterCard и во Visa


2. Самите сме си криви за се

Се додека овој наш народ не свати дека оваа игра е пред се колективна и целта е една државата да има што повеќе региони односно ресурси, а не е целта кој повеќе цифри ќе има на акаунтот ние ќе тонеме. За време на нашите најтешки битки страм ми е да кажам но морам да споделам ми стигнува мал милион пораки во стилот:

- Ќе поставуваш CO или да пукам за Русија ?
- Ќе поставуваш CO или да не дремам за џабе
- Постави CO или нема да пукам


АЛО НАРОДЕ, абе не пукате за мене, денес јас утре некој друг ќе биде на мое место. Овде сме за еМакедонија се додека не го свати ова поголемиот дел од играчите за нас нема перспектива во блиска иднина.

Играјте ја играта за забава и за еМакедонија, а не за виртуелно богатство кое нема никакво значење.


3. Не заборавајте дека пред се оваа игра е за забава

Веќе подолго време гледам како поголем дел од играчите се однесуваат како напалени пубертетлии, но последниот настан навистина ме изиритира. Не знам зошто ама некако играта сте ја сватиле многу сериозно, се однесувате како да ова е реален живот па од секој потег ни зависи нашата егзистенцијата. Луге дајте опуштете се и сватете дека оваа игра е пред се забава.

По грешка некој играч Ристо пуштил закон, со ова не сакам да кажам дека го оправдувам овој чин кој ни нанесе огромна штета но и вие претеравте како да после тој закон смах света ќе настани па да можевте и RL ќе се расправавте со него. Кој игра подолго знае дека често се случувале грешки во конгресот па ништо страшно еве здрави и живи сме и уште се забавуваме.

Немојте да се соживувате со играта, Излезете -> забавувајтесе -> e...те нешто


На кратко ова се моите размислувања околу играта ако се согласувате со мене супер ако не во овој момент пуштете закон за Impeachment па продолжете како што мислите...

Поздрав,
Христијан Тасевски