БАЛКАН ГОРИ (есен-зима) 2011

Day 1,375, 08:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriot Chuni

Летото привршува, луѓето се враќаат од одмор, војската на еРепублик полека полека се собира од сите страни... Конечно се очекува спласнување на температурите и да почне „нормално“ да се живее.

Сепак, жештините на нашиот мил, мал и напатен балкан тек почнуваат. Со еден збор БАЛКАНОТ ПОЧНУВА ДА ГОРИ.

Како што сите знаеме Бугарите не прогласија за НЕ, веднаш откако ја смиривме ситуацијата со Грција. Бидејќи ние ги немаме прогласено за НЕ ги губиме оригиналните територии на нашата татковина. Ова предизвика реакција кај нашиот северен сосед и брат Србија кои го гласаат следниот закон:

http://www.erepublik.com/en/Serbia/law/81659 [изгласан]

Овој пак закон, имаше правопропорционална реакција од страна на северниот сосед на Србија, Хрватска, кои го поставија следниот закон:

http://www.erepublik.com/en/Croatia/law/81667 [изгласан]

Доколку Србите го изгласаат нивниот закон Хрватите ќе го изгласаат хрватскиот.

Интересното е што Србија и Хрватска кога потпишувале договор се договориле за меѓусебно ненапаѓање и ненапаѓање на членки на двата сојузи секоја соодветно и исто така изгледа освен ние и грција други земји не требало да се напаѓаат...

Србите ги криват Бугарите дека не нападнале и го прекршиле договорот, а пак Хрватите не криват нас (што нема смисла) и Србите бидејќи ја нападнале Хрватска. Како и да е се што можи да се насети е повторни балкански војни, српските граѓани ги дочекаа со радост овие вести и предвидуваат бришење на хрватска од мапата и го советуваат Ромпер да си ја наполни картичката 😃 Сите знаеме дека работите на балканот имаат домино ефект па една варијанта од ова по мое мислење е:

ВОЈНИ:

Србија – Хрватска (Босна како помошник на Хрватска и Црна Гора на Србија)

Македонија – Бугарија (рамноправна битка со НЕ од двете страни)

Грција – Турција (оваа опција личи неверојатна но да не заборавиме долго време си ги немаат проверено силите овие две спротиставени страни)

ИГРАТА повторно станува интересна, есента и зимата што следат ќе бидат долги па можам да ви препорачам стартувајте ги машините, редовност на чет, точете прстите, турајте бензин во тенковите...

ОВА Е Multiplayer Strategy Game па мир нема никаква смисла... LET THE GAME BEGIN!!!

Или пак сето ова да заврши со некој договор 🙁

P.S Со бугарите имаме нерасчистени сметки не заборавајте 😉

Музичка подлога