Прва статија, факс и збогум Бугарија. 2 Дел

Day 1,495, 15:07 Published in North Macedonia North Macedonia by IronLionMK

Ја баравте цела приказна, епа читајте сега 🙂


Како што ветив во претходната статија дека ако има интерес ќе ја дораскажам целата приказна која ја живеев на почетокот од овој милениум. За оние кои што не го прочитале првиот дел од приказната би им препорачал да го направат тоа за да бидат во тек.
Како што кажав на крајот од првиот дел дека тој притвор од 48 часа не беше причината за моето оправдано протерување од Бугарија. Но пред да дојдам до тој дел морам приказната да ви ја раскажам во целост.

По случајот “48“ краток период живеев доста мирен студентски живот, значи дома-факултет-дома-изелгување-дома, ништо посебно. Така беше едно 15-20 дена, односно се до моментот кога се затрескав во едно момиче од Пловдив. Арно ама момичето да ти било од тие што работат на тарифа. Али ја тоа не го гледам, затрескан до даске, папучар прве класе. Абе како гулапче сум ја гледал, пари фрлам на сите страни, татко ми ми носи пари за кирија, а јас нормално како и секоја запалена будала не мислам со горната глава и си викам ма јебеш кирија ќе ме чека газдата, дај да и купам нешто алкиче-малкиче па вечер ќе ја прцнам може.🙂 И го направив тоа, она цвета јас расцветан. Абе се си оди по план. И се прцнавме што се прцнавме вечерта, она спремна да си оди, јас ја прашувам дали сака со мене утре дента да дојде на роденден кај другарчето Калин, ќе правел журка момакот. И ми вика, слушај. Неможам утре и задутре имам еден куп работа. Малку чудно ми падна тоа, што може да има работа една студентка од Пловдив која не работи ништо. Но добро го прифатив тоа.

Другиот ден и вртам да ја слушнам, прво не ми креваше слушалка, али ја упорен и после едно 20 пати ми крена. И и викам сакам да се видиме денеска, знам дека имаш многу работа али на 5 минути на 5, подобро нешто отколку ништо. И ми вика: Душо, чувај парите, не троши толку, ќе се видиме пак, тука сум јас цело време, нека поминат неколку дена. Ја во моментот луд, збуњен, ненормален, Јес да не го владеам баш Бугарскиов али убаво ја разбрав што кажа. И и викам добро тогаш кога ќе сакаш да ме видиш знаеш кај сум дојди, јас повеќе нема да ти досаѓам.

И така, јас доста збунет цел ден, одам на роденен кај Калин, се правам лом, прв пат по случајот “48“. Завршува журката, остануваме само јас, Калин, девојка му Вјара и уште еден другар Николај. Приметија дека цела вечер сум “ДАУН“ цевка пијан башка. Им кажувам се што се деси. А Вјара на Калин само ме погледна и кога ме рашамара така убаво лицето ми беше црвено како патлиџан. Не ни знаев зашто ме шамара. Девојкава неможат да ја смират, мава со што стигне, а јас доволно пијан што кога ми мавта со раце мене дупли, ма какви дупли, тродупли ми се гледаат. Човече, неможам да се одбранам, типкава ме нокаутираше.
И конечно после некое време ја смирија, седнавме, ми објаснија што е работата. А јас, незнаев дали да плачам или да се фрлам од тераса (не од Гоцевата). Ништо, продолживме да пиеме, тие ми фаќаа сеир и после многу саати пиење и ја се расположив. Беше некаде околу 4 часот наутро, а снемавме за пиење. Николај предложи да излеземе малку надвор, да видиме дали има некој жив човек и да прошетаме.
Само што излеговме од влез, Калин ја здогледа пезетката на неговиот комшија кој што го мразеше од дното на душата поради некои несогласувања во минатото. И само истрча до горе, го немаше едно 5 минути, и ете го доаѓа со нож, али еден туп, абе по туп од сите нас четворицата заедно. Вика, ќе му ги сечеме гумите. Девојка му малку мрчеше муда, али на крај се откажа од разубедување и она отиде да чува стража.

И почнуваме да сечеме, али не сака братче за жива глава, пола саат сечеме, а гумава не гибната. Вјара мртва нервозна доаѓа почнува да ни се дере како сме неспособни, за ништо не не бива и такви работи. А Николај отиде од кај сопатничката страна да му ја моча вратата, јбг, пијана работа. Додека така културно, уметнички му уринираше на прозорот и вратата здогледа внатре дека клучевите комшијата си ги оставил на брава. И повторно по мали натегања со Вјара се решивме да му ја украдеме и да ја оставиме некаде на другиот крај од градот, као да го исплашиме малку.

И тука беше почетокот на мојот крај во БГ. Тројца дрво пијани будали кои прст пред око не гледаат се караат кој да вози. А Вјара беше релативно потрезна од нас, ама врска немаше од возење. Како и да е, по долга расправија решија да ми дозволат јас да возам пошто ја го изедов најмногу тој ден, па као ај нека се радувам.
И влегуваме во колата, она од прва пали, напред до мене седна Вјара, другиве двајца позади. Тргнуваме, ја прст пред око не гледам и возам само право со 50-60кмч, едниот позади се дере сврти лево, другиот се дере сврти десно. Ја пичам право и се смеам ко луд, додавам гас и кога лупнав во една паркиран Октавија од позади, ми се чини задницата на Октавијата пет метра во воздух летна. Но среќа во несреќа беше што никој од нас не беше сериозно повреден. Но за бељата да биде уште поголема џадарите одма дојдоа, се собра мнгоу народ. Џандарите беа многу корекни, ни дозволија прво прва помош да не прегледа па после ќе дадеме изјави.

Како и да е, веднаш од кога сватија џандарите дека колата не е наша и дека сме дрво пијани, не собраа во станица, јас останав во притвор нови 48часа. За тоа време се правеше проценка на штета. Ме пуштија но ми го земаа пасошот додека не ја платам штетата, и секој ден требаше да се појавувам во станицата на 5 минути се до завршувањето на целиот случај. За моја среќа успеавме некако да го убедиме сопственикот на пезетката да не покренува приватна тужба против мене. Му платив него доволно пари да си купи две пезетки, исто така многу пари платив и за штетата на октавијата + казни. Нема да ви го раскажувам случајот како се одвиваше, и ова е премногу, но воглавно ова беше приказната за моето СО ПРАВО протерување од Бугарија за наредните три години.
И за крај, само сакам да кажам дека не се гордеам со сето ова што го направив, ме чинеше многу.

Се надевам дека ја прочитавте целата приказна и дека не погрешивте.