Пренесена колумна

Day 3,984, 07:18 Published in North Macedonia Nigeria by Kiril Kornakov

Колумна на новинарот Алистер Стујарт: Северна Македонија? Не ме прави Севернобританец
watch_later 17. ОКТОМВРИ 2018. @ 11:40 timelapse 10 МИН.
Колумна на новинарот Алистер Стујарт: Северна Македонија? Не ме прави Севернобританец
“Од каде сте?”, нe праша љубопитниот келнер во еден од раздвижените барови во Калитеа на Халкидик.

“Јас сум од Америка, мојот пријател е од Холандија, а мојот партнер е од Шкотска”, рече мојата свршеница од Македонија.

Си реков: тешки глупости. Мојата подобра половина превентивно ме клоцна под масата. Келнерот Грк, ја зепиша нашата нарачка и си замина со огромна насмевка.

Моето неверување и усилено молчење се претвори во гнев. “Зошто, по ѓаволите, му го кажавте тоа?”

“Ние сме на нивен терен, па што можеме друго да правиме?” прошепоти мојот шура (‘пријателот‘ кој навистина студира и работи во Холандија) покажувајќи кон масата до нас и тивко го преведи нивниот разговор. Гласна група Грци со море од празни чаши пред нив гласно и гордо го осодуваа ‘безименото‘ место преку северната граница (што е всушност држава) и е ‘полно со измамници‘ .

Мојот шкотски темперамент веќе беше во опасност да избувне (но непоткрепен со било каква физичка спремност), кога уште еднаш бев клоцнат заради послушност. “Има време кога да додаваш масло на оганот” ми прошепоти мојта свршеница. Незамисливо, Калитеа беше само на еден час возење од земјата за која стануваше збор.

За независен набљудувач, тој инцидент беше олицетворение на дебатата за името на Македонија. Беше тешко да се види како двајца образувани и и доста пропатувани млади Македонци од моето македонско семејство, беа принудени да го кријат своето потекло. Не од срам, напротив – но се имаше чувство дека нагласувајќи го своето македонско потекло би предизвикале проблеми, ако не и насилство во барот таа вечер.

Тоа беше во август, но до септември, чувствата од таа вечер речиси се трансформираа во Преспанскиот договор и проблематичното референдумско прашање. Не само што владата на премиерот Зоран Заев не се обврза за промена на името на државата на последните избори, туку и сугерираше дека гласот за промена на името бил глас за членство на Македонија во Европската унија и во НАТО.

“Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”

Ратификувањето на Преспанскиот договор пред се во никој случај не гарантира такво нешто за Македонија. Презентирањето на референдумското (троструко) прашање на таков начин беше ужасно искривување на реалноста која владее во меѓународната политика, од страна на Владата на г-нот Заев. Не само што членствата во НАТО и ЕУ се реализираат преку долги процеси на ратификација, туку и сите конечни предлози мора да бидат одобрени и од македонскиот парламент (Собрание).

Додека било каков закон за членство стигне до Собранието, македонската политика може да има комплетно различен став по ова прашање од страна на променет собраниски состав, што не дава никаква гаранција дека таквиот предлог закон би поминал во Собранието. Впрочем, да претпоставиме дека грчкиот цврст став по ова прашање е единствената пречка, сепак не треба да се игнорира фактот дека и Франција, Холандија и Данска веќе изразија загриженост во врска со влезот на Македонија во ЕУ. Влезот во НАТО е исто така спорен, каде што секоја кандидатура е всушност навистина комплицирана активност за задоволување на повелбите и очекувањата на земјите кои членуваат во оваа воено-политичка алијанса.

Впрочем, прифаќањето на ваквите барања е далеку од едноставниот бинарен избор на “да” или “не” за префиксот на “Северна”. Преспанскиот договор експлицитно, опасно и без преседан го препушта македонското образование во делокругот на академскиот заговор. Така, во Членот 8 се наведува дека:

“… Заеднички интердисциплинарна Комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, треба да ја разгледа објективната и научна интерпретација на историските настани врз основа на автентични, докажани и научно цврсти историски извори и археолошки наоди”.

Има многу малку заеднички интерпретирани историиски “факти” во светот: од кога е светот е создаден па се до Втората светска војна, секој академик и секој политичар има сопствено мислење. Предавањето на контролата врз историјата и училишните учебници на мала група одбрани академици е во најмала рака чудно, а погубно е :

“Работата на Комисијата (составена од ваквите академици) да биде надгледувана од министерствата за надворешни работи на страните во соработка со други надлежни државни органи на страните во Договорот.”

Тогаш каде започнува, а каде завршува надлежноста на оваа Комисија? Дали нејзината цензура ќе ги опофаќа објавувањето на книгите, работата на авторите и писателите, историчарите, истражувачите и режисерите? Ако постои различност од утврдената догма на Комисијата, дали книгите ќе бидат забранети? Дали и оваа моја статија еден ден ќе се смета за неприфатлива за читање во Македонија?

Импликациите би биле ужасни за земја со само два милиона луѓе. Социологот Ернест Гелнер кажал дека образованието и јазикот се темелите врз кои се гради нацијата, бидејќи тие ја дефинираат татковината во умовите на младите и и притоа таа може да се пропагира во иднина.

Исто така, тука постои случај на обележување на она што се смета за дозволен говор. Член 7 го потврдува грчкото наследство на термините “Македонија” и “Македонец” и оди до оној степен до кој се наведува дека јазикот на “Северна Македонија” доаѓа од групата “јужнословенски јазици”. Исто така, се наведува дека службениот јазик и другите атрибути на “Северна Македонија” не се поврзани со античко-хеленистичката цивилизација, историја, култура и наследство на северниот регион на Грција.И тука се почнува.

Овластувањето на политички контролирани академци да решат што е “точно“ , е облик на безредие како во одлуките така и во нивната примена. За потоа ова дирекно да влијае на наставната програма која испраќа ‘трнење низ ‘рбетот‘ на секој кој што ги проучувал диктатурата и угнетувањето на народите или го прочитал Фаренхајт 451:

“[Комисијата] ќе ги разгледува и ако смета дека е соодветно, ќе ги ревидира учебниците и училишниот помошен материјал како што се мапи, историски атласи, наставни водичи, кои се користат при секоја од Страните (на Договорот), во согласност со принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа “.

Како Шкотланѓанец, ова ми личи како “Низ стакло, а не се гледа“ (шкотска опаска кога нешто сака да се затскрие, забушоти). Еве на пример, повеќе од 300 години Шкотска е во политичка унија со Англија, која (како поголема, поразвиена, побројна) теоретски би требала да го зафати нејзиниот (шкотски) национален идентитет уште пред неколку векови. Сепак Шкотска го задржа националното чувство пред се поради тоа што нејзиниот образовен систем секогаш имаше шкотска димензија и е прилагодуван спрема шкотските национални потреби дури и кога таа морала да ја отфрли политичката волја на Вестминстер (британскиот парламент).

Во неговиот прв говор во 1945 година во Долниот дом на парламентот, шкотскиот пратеник Robet McIntyre вели: “Дали сакаме образование во Шкотска што ќе одгледа вистински шкотски граѓани или раса на послушни северни Британци?” Тука McIntyre зборува за предложените реформи во образованието каде што наставата во Шкотска би била иста како таа во Англија. Називот “Северен Британец” е погрдно име за сите Шкотланѓани (како што е погрдно за сите неанглииски Британци “англиски” да се користи како синоним за “општобритански” најчесто користен од небританците).

Ова е предупредување за Македонија. Шкотска има задржано доволно критични компоненти за формирање на нејзиниот национален идентитет од оформувањето на Унијата со Англија во 1707 година, за да го преживее целосното претопување во централизираниот британски систем. Долга низа на шкотски комитети ја контролираа Шкотска во рамките на британската влада и со формирњето на шкотскиот парламент во 1999 година само требаше да се предадат од британските власти веќе постојните образовни, здравствени и правни институции во Шкотска. Националниот идентитет не мораше да се гради од ништо.

Сепак, примерите на “националистички тензии” помеѓу Каталонија и Шпанија или Англија и Шкотска не држат многу вода во овој македонски случај – Македонија не се обидува да се отцепи од никого за разлика од претходно спомнатите случаи, туку се обидува да преживее, а тоа може да го стори само со заштита нејзината историја. Во истата претходно спомната дебата, McIntyre додал: “Мислам дека образованието треба да биде за државјаните на една демократска земја, а не за лажните државјани на една ропска држава”. Македонија, како суверена нација, (со ваквиот ‘Договор‘) слободно ги предава своите национални обележја и алатки со апсолутна радост заради ветувањето дека можеби ќе добие пристап до НАТО и ЕУ.

Погрешно е да се претпостави дека во македонско-грчкиот спор се работи само за територија или култура. Грција просто не може да ја поднесе “таа“ земја. Грчката јавност како и ред грчки влади ја сметаат Македонија за еден вид на доброчуден тумор. Нивниот став кон државата Македонија се врти од културна снисхдливост се до брутално гадење. Тука веќе не се работи за иредентизам, грчката политика просто сака да ја доведе Македонија до непостоење.

Едноставен доказ за тоа е фактот дека премиерот Ципрас сеуште не може да најде доволна подршка во својата земја за природното прифаќање на македонскиот јазик и користењето било каква варијација на името Македонија од страна на сегашната Република Македонија. Тие сеуште не ни можат да прифатат дека над 70 000 кои се изјаснуваат как) етнички Македонци, живеат во Грција.

Тоа што е табу тема во Грција да се претставиш како Македонец (од земјата со уставно име Република Македонија) не е само културно малтретирање, туки угнетување на припадниците на овој народ. Грција одбива да стави печат на македонски пасоши, со децении го забранува македонскиот јазик и има направено безбројни напори да го попречи македноското самоопределување. Тоа што во склопот на Европскатата Унија е дозволена ваквата прерасуда и тоа во 21-ви век, е вистинска трагедија.

Чудна е паралелата меѓу желбата на левичарската македонска Влада да влезе во ЕУ и желбата на десничарската Влада на британската премиерката Меј да излезе од Унијата. И двете влади следат политичка агенда без преседан за да ги задоволат екстремните елементи во нивните политички партии. Често претпоставуваме дека предаството е пренагласено, но не е така. Следејќи го незнаењето на лидерите и убеденоста во моралноста на нивните одлуки е еднакво како да се браниш со тоа дека само си ги следел наредбите (најчестото оправдување на нацистите за своите зло-дела).

И покрај се, постои некаква објективност во Македонија. Можеш да бидеш патриот без да бидеш националист. Г-дин Заев не е ни едното ни другото и не пројавува никакво политичко убедување, освен тоа дека на Македонија ќе и биде најдобро под странски камшик. Ниеден политички лидер не може да тврди дека ја сака својата земја ако ги осудува идните генерации на незнаење за нивните луѓе и нивните вредности во минатото. Сегашната администрација мора да биде свесна дека опсесивното прифаќање на грчките барање а еднакво на самоуништивање.

Веќе две години уживам во мојата присвоена култура и семејството на мојоата скорешна сопруга Македонка, кои потрошија огромна енергија да ме вдомат и примат како свој и покрај разликата во нашите култура и јазик. Дел од тоа се долгите часови поминати во приказните за културата и историјата на Македонија. Сепак кога се жениш, не е тоа само со жената-партнерка туку и со целото нејзино семејство. Во долгите векови растргнати со војни, окупации, ропства, востанија, македонската култура и традиција има прживеано само во умовите и срцата на нејзиниот народ. Најголема несовесност би било да се препушти нејзината судбината на бирократите и медиокритетите.

Алистер Стујарт е новинар, автор и дипломиран политиколог од Универзитетот на Единбург. Неговите статии се публикувани во националниот шкотски весник The Scotsman и онлајн магазинот E-International Relations. За други статии и целосна биографија посетете ја www.agjstewart.com и на Твитер @AGJSTEWART.