Шпиц

Day 3,085, 18:15 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Содржина наменета за лица над 16 години


Ден сабота ( за дата не паметам ама топло беше), пред многу многу години се мачев со пост и нечисти мисли од 2-3 дена (повеќе и да сакам неможам). Едвај чекам да помине денот и да почнам да функционирам како и секој нормален ден со забегани мисли у глава и јадејќи нешто мрсно.
Намерно спијам до 4 попладне за да не ме измачува помислата зошто баш сега се зафатив со постење...

Одам у мојот омилен кафиќ на попладневно кафе и сокич со другарите да направиме некој посен муабет за заедно да издржиме у нашите најтешки денови до сега...
Се наоѓаме на местото на злосторот у предходно утврден термин за да ги избегнеме оние убави разголени зајачиња на штикли, кои како намерно да поминуваат покрај мене, фрцкајќи со опавчето и чекајќи гладниот волк (ЈАС), да ги зграпчи од позади и убаво да ги рашлапа по путчињата (пардон бутчињата ама ај ми излета), како би ги спремил за богата вечер.

Седиме и правиме некаков бесмисловен муабет за животот и делото на некој писалац, кој некој ден пред тоа се фрлил од зграда ради некоја пуфла...
Ја повикувам келнерката да порачам пијачки и да наставиме со бош муабетите. И еве ти доаѓа едно коковче кое досега го немавме видено.

Повелете...

Здраво девојко јас сум Фиљо... Се знаеме од некаде???

Па вие ме повикавте повелете што сакате...

Ја се мачам и у себе си викам Фиљо не мисли на ништо и брзо реагирај не го прекршувај постот.

Извини девојко ама јас ја повикав келнерката изгледа дошло до некакво недоразбирање... Али како и да е може ли без персирање?

Јас сум келнерка денеска ми е прв ден на работа.

Уф извини нека ти е со среќа.

И порачуваме кој што ќе конзумира и ја испраќаме со поглед назад кон шанкот. Што да ви кажам предница како мерцедес Е класа а задница како масерати, само што некако ми шантраше лошо со задницата. И тогаш ми дојде една мисла што ме прогонуваше... Како некој друг да збореше у мене и да ми кажува "Фиљо оваа неќе да е центрирана"... За кратко време дојде и ги донесе пијачките, се насмеа и ми кажа дека ме викал нешто газдата кај шанкот за нешто. Станав и појдов со неа да видам што е работата. Таман се поздравив со газдата, кога новово пиленце ме тргна малку понастрана и ми промрморе неколку реченици...

Фиљо вечер каде ќе одиш?

Ја погледнав зачудено и ја прашав како се вика...

Јас сум Силвана мило ми е.

Па сеа Силвана ја скоро секоја година одам на исто место и чекам 12 саат, кршам јајцата и после се омрсувам.

А може ли и ја да дојдам со тебе? Не сум од тука и не познавам никој, а не сакам да одам сама...

А од дека си Силванче?

Од Берово ама тука студирам и сместена сум у Стив...

Добро нема везе тоа дај ми твој број па ќе ти се јавам околу 10 да се најдеме некаде и ќе идеме заедно.
Она ми дава потврден одговор климајќи со главата и набрзина го искуца нејзиниот број на мојот тел... Јас ја гледав заносно додека пишуваше, ама погледот се ми застануваше во фаровите (очите на секоја женска)...
Извини Фиљо ама да не заборавиш да носиш јајца...
Нема шанси бе Силванче да ги заборавам, Јас секогаш ги носам со себе.
Јас да ти кажам ако сакаш да земеш две и за мене пошто јас ги заборавив. И давам потврден одговор дека нема да заборавам и дека и на нејзе ќе и дадам две и набрзина одам да го шмркнам кафето и да си одам накај дома да одморам малку за вечерната средба и покажувањето на убавините на моето село.

Доаѓам дома, влагам у купатило да се истријам убаво, и легнувам да се одморам. Станувам накај 10 саат, се јавувам на бројчето и се договарам што, каде, како, ги зимам јајцата со мене и дим да ме њама. Се наоѓам со Силвана и одиме онаму каде што цело село е собрано таа вечер. Стоиме и чекаме да помине главната церемонија и конечно сите селани да почнеме групно да се мрсиме.

Помина пеењето и церемонијата и јас ги вадам двете јајца да и ги дадам и да почнеме да си ги кршиме (Напоменувам она немаше јајца за кршење па морав да и дадам од моите).

Кој прв ќе мава ти или јас? Ајде Фиљо прво ти чукај само кажи прво кој дел да го наместам? Предниот или газот? Па Силванче како сакаш така ќе те чукам не ми игра голема улога тоа ми се мрси ми се плаче... Епа ај прво од напред да видиме кое е потврдо па после од позади... Вадам јајцата и набрзина бам-бам ги правам лом и моите и нејзините, она набрзина ги лапнува, а ја се давам со жолчката оти заборавив да земам сол и ракииче за да подмачкам грло и и промрчувам на девојкава " Силванче тебе не ти застанува у грло???"

Не бе Фиљо ја имам техника за такви работи... И тука ме пресече... Одма ја зимам за рука и ја носам надвор од атарот на установата за да можам да ги пуштам моите прљави мисли да работат на раат.

Спасен сум конечно (си викам у себе)...

Се тргнавме настрана од гужвата и ја прашав сеа што ќе правиме?... Ноќта е пред нас а рано е за спиење.

Фиљо ако сакаш дојди кај мене у Стив ќе пиеме по нешто и ќе каснеме.

У себе се подсеќам на некои не толку дамнешти денови на неколку случки од тој Стив и одма одсечно и возвраќам.

Аууу не! Никако Стив. Антипатичен ми е. Дај бољи кај мене ќе идеме. Имам и за пиење и за јадење, а и ќе ти ги покажам убавите јајца...

Ја погледнав у очи и сватив дека повеќе немам што да и нудам туку она одма падна на јајцата и излишно беше да се муабети повеќе.

Пред да влеземе и кажав дека имам едно куче кое може да ја ржи ама ако не му направи ништо нема да ја нападне, не бар на почетокот. Влеговме у натре и ставив некој алкохол за пиење и преминавме на упознавање. Она учела нешто медицина, а јас тогаш бев тазе машинист па некаде се најдовме на пола пат. Тогаш се градеше оној рамсторот карши државна болница, а она одела у државна на часови, а јас на пракса како млад инженер ги гледав како бушеа дупки у вецињата со тоа хилтите и баш нешто безвезно и кажував дека големината на шпицот нема врска со времетрањето и успешноста на дупење на една дупка, туку дека се е до техниката на мајсторот, математички и правопропорционално испитано со прави одсечки и дел од кружни движења, подпомогнати со напред-назад движења се со цел да не го заглавиш шпицот у дупката, при што може да дојде до искривување на истиот и нарушена работа на хилтата, а недај боже може да дојде и до кршење на истиот, а тоа никако не е добро за мајсторот. Она ме гледаше чудно како јас еден професор на факс кога ми предаваше нуклеарна физика (за мене научна фантастика), но дојде до заклучок дека мојата теорија е многу точна скоро и безгрешна.

Ја фати некако брзо тоа пијалокот (изгледа цел ден само на јајца била), па почна да се расоблекува со изговор дека и е жешко. Ја пуштив климата да ја оладам малку, арно ама јас сум го заборавил прозорот отворен и почнав да се вкочанувам... Станв да затворам прозор и у тој момент паднав целиот здрвен точно под нејзините нозе.

Со крајни сили го свртев погледот нагоре и ја замолив да ме крене и намести на креветот и по можност да ми даде една масажа.

Почна да ме масира и одеднаш со насмевка ми прозборе. Ајде Фиљо сеа да видиме што шпиц имаш... Почна да ме расоблекува и да ме фаќа на незгодни места. Јас се истргувам оти незгодно ми беше. Вади шпицот! Почна да ми вика... Добро добро само не ме тепај се ќе направам како што сакаш. Вади побрзо да го испробаме дали стварно дупи како што кажуваше прееска. Ама не ми е наоштрен ко што треба и реков јас. Не се секирај имам острилка баш таква како за него, колку и да е туп ќе го наоштрам, ми вели она. Ама нели треба да се подмачка малку??? Не се секирај ти за тоа вади го и ставај го бргу имам доволно средство за подмачкување у острилката. И така го пикна у натре на острење... Ајде сега покажими ги тие праволиниски движења и почни со дупчење. Јас правам се како што ќе ми каже, неќум да се тепам. Силванче ама има потреба и од кружни движења да не дојде до нагло вцрвенување па до пукање или свиткување на истиот. Не се секирај ти легни сега грбечки и остај се на мене. Почна некакво мешање, па нагло праволиниско движење, па па мешање и у еден момент нешто јако почнав да осеќам. Силванче дај малку забави, може да дојде до несакано прерано излевање на флуидна течност од хилтава... Запре, се наведна над мене и ми рече: Ајде сега почни со масажа на моиве облини па за кратко продолжуваме со работата да ја завршиме како што треба. Се правев според проспект и според сите ИСО стандарди и за некоја минута продолживме со нагло, интезивно острење и дупчење. Пред крајот станав и се наведнав кон дупката да ја нацентрирам убаво и почнав со поголема брзина. Ајде Фиљо побрзо, побрзо, пробиј ја при крај е... За некоја минута осетив нагло олеснување се истргнав настрана и и кажав дека мојата работа е завршена и повеќе неможам ништо да направам. Она целосно исполнета ми се насмеа, стана и отиде у купатило да се средела а ја оптегнат на креветот сум заспал. Сабајлето станувам и гледам дека нема никој. Зимам телефонот и ѕвонам на девојката да ја прашам кое време си отишла но само слушав дека телефонскиот број е недостапен. Тука се растажив од помислата дека сум потфрлил у мајсторијата и до ден денс тоа ме прогонува.

Силвана до ден денес ја немам видено ни чуено...

Силванче ако го читаш ова дај те молам кажи ми веќе еднаш ако се сеќаваш на мене, дали се беше ко што треба и да се решам од оваа мистерија...

Прво наравучение: Не е важно дали ќе се чукате прво од напред или од позади туку најважно е взаемното задоволство на конзумирање на најубавото нешто што се чека после долгиот пост!

Друго наравучение: Гледај никогаш да не потфрлиш за времетраење на работата, затоа што незадоволната муштерика надалеку ќе ја рашири твојата неспособност!

И дајте по некој Endorsers 2 златника ме чинеше објавувањето на оваа поучна приказна!
Секогаш Ваш и Наш
еФиљо други