[МНР Македонија] Моментална Ситуација

Day 2,977, 13:26 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija
Здраво еМакедонијо,

Напишав во претходната статија дека во брзо време ќе напишам уште една па мислам дека сега е најсоодветното време да ја напишам и оваа статија.
Пред се сакам на сите да ви се заблагодарам за трпението и послушноста околу тренинг војната со Индија и да ви порачам дека допрва ќе следи бурен период и ќе ве замолам сите да ги пратите наредбите од Министерството за Одбрана и истите да ги почитувате бидејќи ќе биде неопходна вашата помош.


МПП со еИталија

Уште од почетокот на нашиот мандат бевме исконтактирани од страна на еИталија за евентуална можност за потпишување на МПП помеѓу нашите две земји.
На почетокот на мандатот Италијанците имаа МПП со нашиот јужен сосед и со еТурција со што евентуалното МПП помеѓу нашите две земји не беше возможно да се потпише. По неколку дневни разговори помеѓу двете страни беше договорено горенаведените МПП со двете земји да истечат, па тогаш да биде потпишано МПП помеѓу нашите земји.
Како што можете да забележите законот за МПП веќе е во тек и веќе е на повидок ново МПП кое пред се е стратешки добро за двете држави. Со ова МПП еМакедонија ќе добие нов сојузник кој е во близина на нашиот јужен сосед и ќе биде значаен фактор доколку нашиот јужен сосед има план да не нападне.


Зајакнување на односите со еИндонезија

еМакедонија и еИндонезија во играва се едно исто. Секогаш сме биле, сме и ќе бидете така. Нашите долги сојузници кои можам да ги наречам и браќа се во проблеми бидејќи подолго време се избришани од страна на еСАД и веќе подолго време се борат против нив. еМакедонија е во постојан контакт со еИндонезија и имаме меѓусебна координација околу приоритетите и нивните битки против еСАД.
Зајакнување на односите со постоечките сојузници
Од почетокот на мојот мандат си земав за цел да ги одржам контактите со постоечките сојузници и да ги зајакнам односите помеѓу истите. еМакедонија секогаш ќе остане со своите сојузници и ќе им помогне бидејќи без пријатели сме никој и ништо.



Неутралност во војната помеѓу еХрватска и еСрбија


еМакедонија во ова прашање ќе биде неутрална, односно нема да учестува во битките помеѓу овие две држави. Ќе ве замолам сите да се стрпите од коментирање и борење во овие битки.


Уште еднаш ќе напоменам дека СЛЕДИ БУРЕН ПЕРИОД. Ќе ве замолам сите по втор пат да ги пратите наредбите од Министерството за Одбрана и да помогнете доколку е неопхотно.

Со почит,
Министер за Надворешни Работи
DaarkoDimovski1