Македонска нација...

Day 2,501, 14:20 Published in North Macedonia North Macedonia by dandi206

Само во оден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македонија, Македонецот може денес слободно да го изрази своето национално чувство да каже дека е Македонец.

Во другите два дела на несреќна Македонија нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури и да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. Нашите браќа и сестри под грчкото и бугарско ропство постојано се изложени на систематски денационизаторски режим кој има за цел да ги уништи како народ, да ги погрчи и побугари, или пак присилно да ги исели од нивното родно огниште. Денешните национални угнетувачи на нашиот народ во своите денационализаторски политики се служат и со научни, културни и црковни институции. Македонци гнијат денес по грчки и бугарски затвори само затоа што се Македонци, што сакаат и за навек да си останат такви; бугарски и грчки учители однародуваат по школите македонски деца, по македонските храмови пеат грчки и бугарски попови и владици со Евангелие во раце ги заколнуваат своите верници да станат добри Грци или Бугари. Софија и Атина за богати плати имаат ангажирано стотина научии и културни работници во задачата и камењата во нашиот македонски Вардар да ги прикажат „научно“ како бугарски и грчки. Целото историско минато на нашиот народ, неговата култура, неговиот јазик и се' друго што е негово, се присвојува, фалсификува, негира, краде и уништува. Бугарски и грчки националистички пропагандисти под маска на историчари шетаат денес по разни европски универзитети и други научни и културни центри за да ја спречуваат вистината за Македонија и Македонците да стигне до странскиот научен и културен свет, до надварешното јавно мнение. Бугарски и грчки дипломати не жалат време и средства кога треба да се спречи печатење на некоја објективна книга за Македонија во странсгво или кога требе да се појави во превод на некој странски јазик некоја творба од македонските писатели.

Бугарија и Грција (а порано тоа беше случај и со Србија), откако ја разделија и завладаа македонскага земја, Македонците ги прогласија за Бугари, Грци и Срби. Со тоа етничко прекрстување на Македонците тие сметаа македонското прашање да го ликвидираат како национално прашање. Со негирањето на поетоењето на македонскиот народ балканските господари на Македонија почнаа да го оправдуваат своето овладеење на туѓа земја, својот режим на ропство и угнетување. Нашиот македонски народ не се помири со судбината насилнички што му ја наметкаа неговите нови господари, тој пружи сенароден отпор на денационализаторските политики, создаде свое ослободително движење за извојување национална слобода и независност. Во тешка и крвава национална борба водена под знамето на славниот Илинден, Македонците во Вардарска Македонија извојуваа национално да бидат признаени како Македонци, создадоа своја национална држава, своја Македонска Република, која им осигурува слободен национален живот и развиток. Раѓањето на националната држава на македонскиот народ беше една извонредно голема придобибвка за нашиот национално вечно угнетуван народ и едновремено претставуваше пораз за тројниот балкански империјализам. На прво место српкиот империјализам беше поразен со тоа што ова Втора Југославија призна дека Македонците не се Јужни Срби и им позволи државноправно да се афирмираат на национална основа во своја сопствена Македонска Република. Но со рагањето на македонската национална држава не малку беа поразени и бугарските и грчките империјалисти и националисти. Решавањето на македонското национално прашање во рамките на Федеративна Југославија стана еден пример од кој Софија и Атина смртно се исплашија.

Знаејќи дека кога-тoгаш и тие ќе мораат да им признаат национални права кај Македонците, па и да се откажат од своето господство над Македонија, Софија и Атина тргнаа во офанзива против историјата, тие почнаа да го негираат правото на индивидуален национален живот и на Македонците во Вардарска Македонија. Националистите од Атина почнаа светот да го заблудуваат како македонската нација е измислена од „славкомунистите“ во една перфидна игра за заграбување на грчка „национална“ територија. Софија пак почна да го заблудува светот со скроената лага дека македонската нација била измислена од српските комунисти, „србокомунистите“, со цел да се денационализираат некакви македонски Бугари т.е. да се однароди една бугарска земја. Денешните грчки и бугарски денационализаторски политики на терор во Македонија, како и нивните лаги и обмани во врска со македонската стварност во рамките на Југословенската Федерација не можат, а да не го засегнат секое чесно и искрено македонско срце, каде и тоа да се наоѓа. На теророт на грчките и бугареките националисти Македонците одговараат со посилно национално сознание, со поздраво македонско чувство, а на лагите и клеветите со плодна организаторска и творечка дејност на духовно, културно и научно поле. Во тој сеопшт македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емигранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска Православна Црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појавува и ова скромно списание чие име „Македонска нација“ кажува многу нешто за неговата програма. Нашево списание се издава со овие цели:

1. Заштита на националните интереси на целовкупниот македонски народ;

2. Водење борба за извојување национални права и слобода на Македонците под Грција и Бугарија:

3. Припремање на терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална државна целина

4. Да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина, и

5. Да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и нашата македонска народност, разобличувајќи ги при тоа лагите и клеветите што ги шират балканските националисти и империјалисти и црковните институции во СРМ, како и со одделни нивни соработници. Поздравена ќе биде секоја нивна соработка на национален план во нашето списание. Особено мила ќе ни биде една саработка со Македонската национална црква.

Сега за сега, додека не се создадат подобри материјални услови, „Македонска нација“ ќе излегува двомесечно. Таа се печати исклучително со доброволните прилози од нејзините основачи и издавачи. Редакцискиот Совет и Издавачкиот Одбор апелираат кон сите македонски патриоти со претплатувања и штедри материјални прилози да помогнат „Македонска нација“ да почне да излегува месечно, или два пати месечно. За таа цел, издавачкиот Одбор оснива специјален Фонд за „Македонска нација“. Со своето помагање на овој Фонд македонските патриоти ќе овозможат „Македонска нација“ почесто да ја имаат во свои раце, и што е најглавно да дадат свој прилог во национално ослободителната борба на својот македонски народ.