Платини му рече "НЕ" на Скопје!

Day 2,495, 13:00 Published in North Macedonia North Macedonia by XXXander

Македонија и Скопје нема да бидат дел од најголемиот континентален фудбалски фестивал, Европското првенство во 2020 година, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска не му додели организација на натпревари од групната фаза на турнирот низ Стариот континен на главниот град.
Скопје извиси за организација на шампионатот и доби негативен одговор на својата кандидатура од Мишел Платини и Извршниот комитет на УЕФА, што беше и очекувано, откако европската централа уште во минатата недела го најави ваквиот исход во евалуaцискиот извештај на кандидатурите.

И појрај реновираната Арена „Филип Втори“ и поддршката од властите во земјава, УЕФА процени дека главниот град нема капацитет за организација не најголемиот континентален турнир, поради низа недостатоци на самиот стадион, но и воопшто во градот за да бидат домаќини на фудбалскиот европски крем.

Арената „Филип Втори“ падна поради недоволниот капацитет, немањето ВИП-ложи, немањето на голем паркинг, лошата достапност, малиот сместувачки капацитет, немањето на тренинг-бази за селекциите кои би учествувале…

Евро 2020 ќе се одржи во 13 градови низ Европа, од кои 12 градови ќе бидат домаќини на мечеви од групите па се до четвртфиналето, а еден на завршницата, полуфиналето и финалето. Во битката за организација на ЕП учествуваа 19 градови кандидати. Евро 2020 ќе се игра низ Европа како начин на одбележување на 60 години од почетокот на континенталниот шампионат.

Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Брисел, Глазгов ја добија организацијата на пакетите со осминафинале, за кое кандидат беше и Скопје. Пакети со четврт-финале добија Минхен, Рим, Санкт Петербург и Баку, додека финалето и полуфиналето ќе го организира Вембли.