Фантоми - Регрутација

Day 2,266, 12:18 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Здраво дечки,

веќе подолго време работиме на финансискиот дел од единицата и можам да кажам дека сме спремни за да примиме нови членови.

Ја гледаме ситуацијата, реално ги проценивме работите и одлучивме да објавиме конкурс од следниов тип:

- Се регрутираат до 40 лица во рамки на единицата - кои се од дивизија 4 или 3 (моментално финансиски толку сме спреми да издржиме)

- Секој регрут треба да плати иницијална пристапница од 70 голд со што се стекнува на дневен гарантиран рефунд од 5 тенка и работи во фабрика на единицата за минималец.

- Доколку доплати уште 35 голд се стекнува со гарантиран рефунд од дополнителни 3 тенка и тоа е максималниот рефунд кој може да го земе еден член. (вкупно 8 тенка / дневно)

- Доколку членот реши да ја напушти единицата, целата инвестиција му се враќа. Тоа значи дека средствата во единицата ќе се користат за развој на самиот играч.

- Рефундот не се менува со промена на бонусите, можно е дополнителен бонус во случаи кога има турнири, натпревари или битки од национален интерес - како што ќе биде идниот месец.

- Секој што сака да стане заменик капетан и да управува со своја група од 20 члена ќе треба да донира 150 голд за единицата. - Тоа значи ако има некоја единица може да се припои до нашата и да има внатрешна независност, но и поддршка и заеднички настап.


Планот ни е да има обостран интерес во работењето на единицата, доверба и настап.

Бројките се реални и бара добра волја од двете страни. 3-те Q7 фабрики што ги имаме се доволни за да гарантираат добра распределба на ветениот рефунд.

Заинтересираните нека остават коментар.
Доколку некој сака да се пријави нека остави коментар.


Ви благодарам и се надевам дека ќе се дружиме.

Контакт инворамции:
KireDimoski http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/5518205
saveass http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4278673