МУ организација

Day 2,266, 06:20 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Очигледно Плато се фокусира на воените единици и некако осеќам дека овие неделни турнири ќе станат поретки. Од тие побуди решив да се позанимавам со темата како да се одржи една МУ стабилна.

Како што може да се види, едно нешто што сме сигурни е дека основна градбена единица веќе не е Државата него воената единица. За таа цел добро е да се организира и општесвеното уредување во земјата. Најверојатно основите на една ваква организација мораат да бидат стабилни и да не влијаат многу на геополитичките случувања. Ќе ги разгледувам двата случаи, најоптимални и најнеповолни за да се дефинира самоодржлива општествена структура.

Таа општествена единица мора да да ги има следниве структури:
- Финансиска
- Организациона
- Политичка
- Логистичка


Финансиска структура:
Финансиски гледано една единица мора да има извор на средства кои се независни од геополитичките околности, тоа значи дека приносот со кои ќе се мотивира членството мора да биде мотивирачки, но мора да биде и двонасочен. Што ако војникот после толку инвестиција во него реши да си оди? Што ако оној кој ги произведува тенкоите реши да не дели повеќе рефунд?
Овие финансиски проблеми мора да бидат дефинирани однапред и стабилно да бидат спроведени без разлика на флуктациите.

Организациона структура:
Мора јасно да се знае како и по кои начин ќе се комуницира, каде може секој да се обрати за било што. Ова до некаде е дефинирано со самата организација на МУ ама не значи дека мора да биде токму така.

Политичка:
Несомнено, ако се нема политички глас дека никој нема да те има во предвид. Во организација која има бројност треба да се практикува и политичко влијание кое би ги зајакнало останатите структури во рамките на самата МУ. Се сложувам дека Македонија нема политичка култура, но тоа ќе мора да се промени подобро порано отколку подоцна.
Влијанието мора да биде како локално така и надворешно во другите земји каде мора да се организираме подобро.

Логистичка:
Секогаш има некој што заради некоја причина ќе треба да му се помогне. Во овој случај ќе треба да се подтурне, да се помогне или да се даде екстра труд.

Реално имајќи ги овие постулати во предвид дојдов до следниот предлог – решение:
- Секој член на МУ би требало да ја докаже својата верност со одреден директен допринос во единицата (еден вид чланарина) – дали истата ќе биде неповратна или повратна тоа останува да си одлучи единицата.
- Секоја МУ треба да има систем на рефунд или инсентив врз основа на кој ќе генерира прилив на нови членови во своите рамки и ќе ги јакне постојаните.
- Секоја МУ треба да има протокол по кој ќе се обучуваат, социјализираат и здружуваат новите членови.
- Секој капетан на чета мора да има барем една тенкара Q7, команданот мора да има поддршка од сите капетани. Капетанот мора да одвои 150 голд на име на единицата.
- Сите членови активно да учествуваат во политиката на својата единица и да ги шират идеалите на останатите играчи преку што би се зголемило политичкото влијание на единицата.
- Непочитувањето на кодексите и меѓусебното непочитување ќе се санкционира парично и морално.

За Македонија о7