[МНР МАКЕДОНИЈА] Објаснување околу ударот

Day 1,846, 14:22 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани Македонци,

Еден од најважните моменти од почнувањето на новите мандати месецов е конфликтот кој неодамна настана помеѓу земји со кои еМакедонија има одредена дискутабилна историја. Имено, како и што беше очекувано, најактуелните случувања во изминатиот ден се токму поврзани со овој настан. И двете земји, и еПолска и еТурција долго време имаа различни патишта, но неодамна се создаде шанса за нивно вкрстување и одмерување на силите.

Како и во секоја војна, и двете страни очекуваат да бидат подрржани од старите и новите пријатели. Имајќи ја во предвид историјата со двете земји, која и не е најпозитивна, од МоФА составот уште утринава беше одлучено да се стои настрана, бидејќи не би сакале да ги влошуваме нашите дипломатски односи уште повеќе со ниту една од инволвираните страни. МоД тимот беше навремено известен и се работеше координирано во зачувување на неутралноста на нашата земја кон овој новонастанат проблем.

Подоцна денес, бевме официјално исконтактирани од еПолската претседателка, со која после долги убедувања и дискусии на оваа тема, решивме да и излеземе во пресрет и да им помогнеме на еПолска. Беше договорено да се организира удар, а сите потрошени средства да бидат финансирани директно од владата на еПолска, со пополнување на формуларот. Воспоставивме координација со МоД тимот со цел да го реализираме ветувањето кое го дадовме на старите пријатели, и се надеваме дека тие нема да го заборават тоа. Вистинскиот пријател се познава во тешките моменти, а ние докажавме дека сме големи луѓе и знаеме да ги препознаеме и цениме вистинските вредности.

Се извинуваме за малите пропусти во наредбите, тие се менуваат неколку пати во денот според приоритетите, и тоа е разбирливо. Се обидовме да воспоставиме координација помеѓу различните сектори на владата што побрзо. Исто така, упатуваме апел до помошниците од секое министерство да не превземаат работи на своја рака, туку да ги следат наредбите на надлежните.



Со почит
МОФА тим на Македонија

За шаут:
[МНР МАКЕДОНИЈА] Објаснување околу ударот
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2172469/1/20