Ambiente de fondo si/no

Regístrate

 

Continuar

Continuar Al crear una cuenta estás de acuerdo con las Condiciones de servicio y la Política de privacidad

Јане Сандански

Día 1,846, 07:41 Published in Republic of Macedonia (FYROM) República de Macedonia (ARYM) por Stoica vasev

„Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез.

Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте."

 

Comentarios

ThracianWarrior
ThracianWarrior Día 1,846, 08:18

"Македонските революционери, които след дълга и жестока борба с турската тирания доживяха да видят своята мечта - извоюване на свобода на татковината, не могат да допуснат тя да попадне под сръбско и гръцко владение. Те няма да се спрат и пред най-страшните терористически средства, за да реализират съкровената си мечта - свободна, българска Македония!"
Яне Сандански

Stoica vasev
Stoica vasev Día 1,846, 12:26

Deja Vu!!!

mkdfighter97
mkdfighter97 Día 1,847, 12:54

JANE SANDANSKI!!!!!!!!!!!!

 
Publicar tu comentario

¿Qué es esto?

Estás leyendo un artículo escrito por un ciudadano de eRepublik, un juego de estrategia multijugador inmersivo basado en países reales. Crea tu propio personaje y ayuda a tu país a alcanzar todo su esplendor mientras tú te consolidas como un héroe de guerra, un reconocido editor o un gurú de las finanzas.