Зошто Протестираа ?

Day 1,609, 16:19 Published in North Macedonia Chile by Scorpion mkd

Не јас нема да говорам “за или против протестите“. Оставам секој од вас сам со своја глава да си пресуди дали се исправни или не. Јас тука и сега, ќе говорам за нешто друго што ми е далеку поболно кога го гледам. Тоа нешто мислам дека има далеку поголема убиствена моќ да го потпали фитилот на меѓуетничка омраза, отколку дивеењето на неколку малолетни деца.

Прашањето што ќе го поставам тука е зошто македонската власт и македонските медиуми се обидуваат да го наметнат менталитетот на пониска вредност на сопствениот народ.

Зошто МВР делуваат, а медиумите информираат необјективно и нерамноправно.

Денеска повеќе од 500 полициски специјалци во полна воена спрема се распоредија околу мостот Гоце Делчев и спречија стотици протестанти да се упатат кон Бит Пазар, за да не стане работата вистински критична.

Но каде беа истите тие, неколку месеци пред овој случај кога албанците “протестираа“ во Гостивар палејќи уништувајќи и тепајќи се македонско што ќе им стигне пред очи. Тогаш протестантите од медиумите беа квалификувани како борци за човекови права, кои бараат правда и вистина. Невладини организации искачаа катадневно на секои тв вести давајќи им подршка против ненародната власт.

А денес истите овие се натпреваруваат кој повеќе ќе ги исплука стотината навивачи кои им порачаа и на власта и на платените медиуми дека нема веќе да толерираат борците за човекови права да тепаат и убиваат наши деца. Нема веќе да се толерира власта да ги третира македонците како граѓани од втор ред. Или законите ќе важат за сите подеднакво или за никој па да видиме кој е посилен.

Кога институциите на системот ќе потфрлат во спроведување на законите, кога ќе потфрлат во подеднакво гарантирање на безбедноста на своите граѓани, кога кон едните ќе се однесуваат како мајка а кон другите како маќеа, кога во Гостивар ќе се линчуваат полицајци поради спроведување на нивната должност, а кога во Смиљковци се амнестираат и ослободуваат убијци на невини деца, тогаш се јавува и формата на оправдан отпор.

Токму затоа по убиството во Смиљковци, МВР и власта имаат огромна одговорност случајот да го затворат со успешно пронаоѓање на одговорните за тој монструозен чин. Доколку не, оние стотина ќе станат илјадници, а тогаш Господ нека ни е на сите на напомош.