МоД Тим - Април

Day 1,600, 08:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Систем на одбрана претставен од новиот тим на Министерството за Одбрана на еРепублика Македонија.


1. Активирање на Генералштабот за координирање на целата Македонска армија.
- Секој командир (одговорен) на паравоените единици треба да побара од МОД тимот пристап до каналот на генералштабот.
- Задолжително присуство секојдневно, за полесно координирање на ДО.

2. Реактивирање на Фалангата каде ќе може да учествува секој играч кој има удар 4500+ со Q6 тенкови и без Бонусот од Природен Непријател.
- имплементирање на бесплатни СМС до секој член на Фалангата кои ќе доведат до брзо распоредување на самата единица.
- имплементирање на “Feed Notifier” за сите членови на Фалангата (не е задолжително).
- секој член на Фалангата е обврзан самостојно да си обезбеди храна и да следи наредби во моментте кога ќе биде потребно.
- секој член на Фалангата треба да е способен сам да си ги финансира преселувањата (доколку е потребна таа акција).

3. Воведување на Роаминг Агенти.
- Роаминг агентите ќе пуштат корени и ќе бидат наша врска кај сите воени единици кои се дел од нашата алијанса.
- Роаминг агентите ќе бидат одговорни за овозможување на помош од сите тие единици кога ни е потребно. Исто така ќе бидат одговорни да им понудат помош на членовите на нашата алијанса кога нив им е потребно.

4. Соработка со Сојузот. Ќе биде побарано од Бубо (Magimaster) кој е одговорен за ботот Udar да направи опција за !announce на каналите на странските воени единици (нормално со нивна согласност) со цел за полесно организирање на индивидуално рефундирање на војници со јак удар во моменти кога е потребно.

5. Удари. Ќе бидат воведени вкупно 2 до 3 удари дневно од кој вечерниот удар ќе биде главен и задолжителен од сите единици.
- доколку буџетот дозволи ќе има и награди за најуспешната единица, неделно.

6.Координација. Ќе биде отворен нов канал за координација на ударната моќ за време на ударите.
Пр. на координација на ударната моќ.

Доколку е организиран удар, човекот што ќе го води ударот ќе го води и овој канал.
Пример платена е Eurasia, POG, SSF.
На армиски се даваат 3 убиства, платените единици чекаат.
Следи следна за удирање Eurasia, откога ќе мавнат тие, на ред е следната единица итн ,за полесно одржување на ѕидот.

7.Baby Squad. Во ударот и рефундот ќе биде додадена и единицата “baby squad”.


* МоД тимот има потреба од луѓе кои сакаат да придонесат за одбраната на еРепублика Македонија, луѓе кои ќе прифатат обврска и кои стварно ќе може да понудат дел од своето време.
Сите кои сакаат да ни се приклучат слободно нека дојдат на каналот #mod.team .
* Планот не е конечен, отворен е за критики и за измени.

Мод Тим : МоД Dashovski , вМод deda_mraz82 и sinokapcev.