Македонија е татковината на Александар, според архивите на Ватикан..

Day 1,596, 05:48 Published in USA North Macedonia by Mace Petkovski

Македонија е татковината на Александар, според архивите на Ватикан..

Тројца Македонци во 1620 година студирале на Колеџот во Лорето, со стипендии од Светата столица. Фондот на Ватикан во периодот од 1622 до 1644 година, има сензационални сведоштва за Македонија и Македонците.

Истражувајќи низ ватиканските документи за Македонија од 17. век, Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци уште пред четири века.

-Исклучително интересни се двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на охридската архиепископија испратени до кардиналот Беберини, во кои жали за зулумите што ги прават Турците, особено Албанците, во неговата диецеза. Во двете негови писма кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар.

Мошне интересен е и фактот што пред четири века од Светата столица јасно се правело разлика и се знаело кои се Македонците. На колеџите за кои добивале стипендии, Македонците имале посебна графа и можеле да се изјаснат за својата националност.

-Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан правеле разлика меѓу Македонците, Србите и Бугарите, па затоа за нив била одобрена посебна квота во колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.


Во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, според весникот, има и друг документ што е мошне значаен за нас како земја.

-Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата, стои во истражувањето.

Стипендиите кои Светата столица ги одвојувала уште пред 400 години за Македонци, сведочат за посебниот третман кои одредени интелектуалци од овие простори го добивале во светот. Македонците од Ватикан добивале посебни стипендии, имале праведност, биле признати како нација и имале еднакви права.