Ајде да промениме нешто!

Day 1,546, 11:13 Published in North Macedonia North Macedonia by IronLionMK



Незнам за вас, но играва некако мене ми станува доста монотона и речиси секој ден е ист како претходниот. Истите држави војуваат, исти статии читаме, исти шаути, исти тролови и т.н. Мислам дека е време еМакедонија да направи некоја промена, односно да се обиде да направи нешто што ќе биде од корист за сите нас.

Свесни сме сите дека во последно време односите помеѓу еМакедонија и еБугарија се затоплени, и покрај кратката војна со нив, односите останаа добри. Да не се лажеме и таму и тука кај нас има тролови кои што цело време се обидуваат да ги заострат односите, но мислам дека таквите луѓе се помалку ги има.

Имам еден предлог до Македонскиот и Бугарскиот претседател за подобрување на меѓусебната соработка. Односно да се потпише некаков документ на кој ќе стои дека двете едржави нема да се мешаат во битките на другата држава. За појасно да биде. На пример, еБугарија, е во војна со некоја држава, ние Македонците нема да се бориме ниту за нив но ниту против нив. Истото би го правеле и они. Освен ако немаме некој заеднички непријател, како еТурција.

Поентата ми е, незначи дека ако еМКД и еБУГ се во различни сојузи дека ние не треба да градиме добри односи со нив. Не мораме ние да имаме МПП со нив, мислам дека и ова е доволно. Па кој знае што ни носи иднината, можеби за некое време ќе бидеме во ист сојуз.

Зошто да не пробаме нешто, зошто да тапкаме во месето? Ајде, место да кукаме и да плачеме како нешто нечини, да се обидеме нешто да направиме. Не мора да е оваа идеја што јас ја предложив, дајте вие некоја, можеби ќе смислиме нешто добро, нешто во корист на сите.