Предлог за излез од лудилово!!!

Day 1,539, 11:23 Published in North Macedonia North Macedonia by IronLionMK

Здраво на сите,

Како повеќето од вас така и јас сум максимално изреволтиран од последните случувања на ереп. Со ова не мислам само на новите промени на самата игра, туку, на арогантноста на админите и нивните комуњарски делувања. Денес го банираа Ел Че , еден од ликовите кој според мене има доста голема улога во унапредувањето на нашата етатковина. Го банираа и ХакерМ, а кој знае уште колку други играчи ширум еСветот имаат банирано, и тоа само поради нивните различни мислења од админите.

За жал на нас играчите од еСветот врзани ни се рацете. И речиси да неможеме ништо да направиме. Но, можеме да се обидеме, но овој пат, сите заедно да се обединиме. Имам еден предлог. Имено претседателите на сите едржави да седнат на маса (чет) и да се обидат да потписат краток мир помеѓу себе, тоа значи без војни, а можеме да се обидеме и без востанија.

Второ. Тенковите, оние кои што трошат многу пари, да испратат писма до админите со објаснување дека поради нивната наметната диктатура, повеќе нема да трошат пари за тенкање.

Драги мои есограѓани од целиот свет. Можеби ова е сулудна идеја, но сепак е идеја, друго незнам што би превземале, полесно е да се договорат 20,30,, души отколу 200 000 ежители.

Би ми било драго доколку се согласите со оваа идеја, но и доколку имате подобра, слободно напишете ја во коментар или преку вашиот весник. Повеќе не ми е важно за претплати и глас. Веќе подолго време како играва нема логика да се игра.