Прва статија, факс и збогум Бугарија.

Day 1,493, 16:49 Published in North Macedonia North Macedonia by IronLionMK



Здраво на сите, ова е мојата прва статија. Се решив да отворам весник за да се обидам да си ја направам играта пинтересна. Па како што е редот да се претставам најпрво. Моето име е тоа и тоа, имам речиси 29 години и во моментов се обидувам да сватам КОЈ ЃАВОЛ МЕ НАТЕРА ДА ЗАПИШАМ ФАКУЛТЕТ НА 29 ГОДИНИ?! За 5 дена имам испит а јас си отварам весник и пробувам да смислам што да напишам во него.

Инаку ова ми е втор факултет (не дека првиот го завршив, али битно сум се запишал, и тоа се смета, така?!) Како и да е, сакам да објаснам дел од причините зашто не го завршив првиот факс.

Имено во далечната 2001год. Кон крајот од војната во Македонија се решив да се запишам на факс во Бугарија, арно ама, после година дена од таму ме ПРОТЕРАА!! Да, добро прочитавте, Бугарите ме протераа, се прашувате зошто? Па како да ви кажам?! МК пропаганда+алкохол (многу алкохол)+ финале Кометал ЃП-Херц (кометал шампион)+ спреј во црвена боја = 48 часа притвор. А, да, заборавив, и кога проаѓав по улица случајно еден семафор падна. ЈБГ. Падна, што да правам?

Но тоа не беше причината поради која добив забрана за влез во БГ во наредните 3 години. За оваа вечер добив само како што реков 48часа притвор и глоба од 800лв.

Инаку во меѓувреме, стекнав многу пријателства со Бугари, и Бугарки, Бога ми 🙂. Морам да кажам дека повеќето од нив се многу добри луѓе и имаат одлично мислење за нас Македонците. И што е најважно од се, таа кобна вечер за мене кога пишував со спрејот “Гоце е наш“ ми помагаа тројца Бугари, али јбг они не беа во притвор. Само јас со уште еден Бугар кој го претепал таксистот за едно левче.

Уф, некако долга ќе ми излезе статијава.. Ништо, доколку има интерес ќе има продолжение за тоа зошто ме протераа од БГ.