Распашана команда = ШЛАКАНИЦА

Day 1,490, 09:54 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Гледам упорно некој луѓе мислат дека со диктатура можат да ги направат работите подобри.
Малку чудно е тоа што упорно се мисли дека со сила ќе се исправат некои работи.

Прво да се разбереме, никој не е најпаметен. Најпаметен е можеби оној кој по малку пробува да ги слуша другите ама очигледно бидејќи никој не го прави тоа пак се враќаме на првата изјава.

Еве сега некој нов начин на казни и награди од Државата. Јас веќе подолго време имам едно конкретно прашања:
Колку е точно рефундот кој треба да го добие еден играч и како истиот дазнае дека му следува нешто?

На ова прашање никој нема да одговори затоа што на никој не му одговара играчот да си го добие својот дел. Затоа тој нема да оди на армиски канал, затоа нема да тепа онаму каде треба, затоа што нема потреба тоа да го прави.

Е сега ова на некој не му одговара. Епа на тој некој имам да му кажам BAD LUCK.

Многумина даваа предлози, се трудеа да ги направат работите подинамични и ништо од тоа.
Истото е и за економијата, истото е и за политиката и за другите области.

Мислам дека конечно добивте доста шлаканици за да разберете ко мало дете дека шлаканиците значат дека нешто не е како што треба. Ваше е да терате како знаете и колку неумеете. Ако не ве бидува кажете си, не е срамота.

Уште еднаш за она вчера: 30 тенка за оние со над 1 мил Инфлуенс - Мислам дека е срамота само да се пише тоа.