Ме имаш

Day 1,459, 09:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Kirijana

Ме имаш како душата на пеперутката која со последен здив те молеше да и ја извадиш иглата од крилата со која ја прицврсти во твојата колекција на фалби.
Насила проба да го сочуваш спектарот на бои и мисли само за себе.
Но со тоа ме уби.
Ме имаш како шетач помеѓу сонот и јавето,кој почнува да ја сфаќа својата отсутност... дури и во таа мала имагинарна димензија.
Ме имаш како дух во стара куќа чија присутност ти одговара,бидејќи се плашиш од осаменоста...и несакаш да си признаеш.
Ме имаш меѓу гласната тишина и шепотот на сништата кои те будат во ноќта.
Сепак ме имаш...



†.†.†Со верба во Бог,Македонка до гроб!.†.†.† ...
Ве сака ваша Кири.