Анализа[Министерство за одбрана]

Day 1,390, 12:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Здраво Македонијо!!!



Ова се нашите анализи, кои имам обврска да ги споделам до целата македоска јавност...Ќе одговорам на некои прашања, за кои сепак никој од нас не е виновен, Ве уверувам!



За поразите денес и вчера, несакам многу да коментирам. Тоа најмногу не боли сите, меѓутоа мора да се соочиме со тоа. Ве уверувам дека мојот тим даде се од себе, претседателот и министерот за економија имаа непреспиена ноќ, се бараше помош на сите страни. Се одеше како подмачкано се до кај 4,5 сатот наутро кога речиси сите (освен овие двајцата)заминавме на спиење.




Но, имаме огромни проблеми. Незнам дали некого да окривувам или тоа е само случајност. Прво, не е ничија вина, но денес цел ден неможеме да пуштеме закон за донација. Ова боли, сите не боли, но како последица од ова се јавува неможноста да пратиме рефунд. Едноставно немаме пари. Дали станува збор за Баг или што и да е, јас незнам. Пишан е тикет, но се разбира, поради тоа што е викенд, одговор очекуваме дури впонеделник.
Второ, освен донација, неможеме ни закон за продолжување на алијанса да пуштуме. Дали ова се случува насекаде или само кај нас, и за ова незнам.
Цел ден баравме помош од One, но очигледно дека Унгарија и Србија имаа тешки битки. Помошта беше пратена, но колку проценете сами. Повторно не пренесувам вина на никој, сите имаа битки и ние не сме центар на светот, но нападот на главен град, лично сметам дека требаше да добие малку поголемо внимание и алармот да биде уклучен порано од страна на нашите сојузници.

Турците пукаа во Израел, кога побарав помош, не ме одбија туку сите веќе биле испукани. Како едни од нашите најголеми сојузници, немам нив што да им замерам, ме молеа да издржиме до вечер, но едноставно не успеавме.



Цела одговорност спремен сум да ја земам на себе. Дали напорно работам, можете сами да процените. Не само јас, целиот мој тим! Јавно сакам да ги пофалам сите дечки кои деноноќно даваа наредби на армиски, буквално спиеa пред компјутер. Нема да потенцирам некого за да не заборавам нeкој. Не е еден, туку се можеби десетина.
Огромна благодарност до секој војник, до сите кои не се штедеа со време и последните лебчиња и тенкови ги дадоа за Македонија. Бевме заедно, бевме сплотени, но...

Сакал или не, морам да му честитам на нашиот јужен сосед, но и да му препорачам : Ја добивте битката, но не и војната. Се додека ова парче земја има вакви синови да го бранат, ништо не е изгубено. Ако ве избришавме еднаш, тоа можеме да го направиме пак!
Да живеат Македонците!
Да живее Македонија!




Министер за Одбрана
Lavcan