Каде е рубриката СЕИР?

Day 1,241, 23:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Ние Македонците не можеме без сеир. Плато(н) ова сериозно треба да го сфати, да не му се случи масовно напуштање на е-репаблик од страна на разочарани Македонци... Каде е рубриката СЕИР? Во која категорија да ја ставам мојата забелешка на оваа наредба од МзО:

Вели: Приоритет битката против Турција (да, да... Против! Турција напаѓа на егејот инаку). Конечно, подолу е усогласено, и со линкче - на која ќе видите дека битката е всуштност против Грција... И има приоритет 4 ѕвездички... Ах да... Највисоко, прва поставена битка е битката „против“ Шпанија - истотака со 4 ѕвездички (ова „против е согласно со новата воена терминологија)...

За легнувањето рано и востанијата почнати во истиот тој ден - не е важно... Важно е Campaign of the day да биде во Франција. За да може од францускиот брег да тргнеме во конечна преметка со злобите еАфриканци од аКонго... Упс... Конго не било на мапата...

Не, најСЕИРозно, Плато. Човечки ти велам брат, си треба рубрика СЕИР. Барем локално, за еМакедонија.