Оставка (заменик министер за економија)

Day 1,183, 11:47 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Реално после толку труд, проба за комуникација, изнаоѓање на позитивни решенија и сл. ако човек не биде удостоен ни со еден обичен одговор од својот Министер па и останатите колку што се гледа, следственоста на овој текст е повеќе од логична.

Индиферентноста на Министерот од толку важен ресор уште во првиот (и последен) контакт укажува дека ќе си тапкаме во место и дај боже на конгресменските избори да имаме саглам кандидати.

Незнам што друго да кажам освен дека нема да ги носам одговорностите за неуспехот во овој сектор каде што буквално немам ни ингеренции да влијаам иако по правило треба да бидам многу навлезен во истите.

Само она што сум независен т.е. не сум дел од тајфата ми става на знаење дека МОЖЕБИ некој намерно сака да скрие нешто. Пасивноста на минстерството само го потврдува тоа.

Мојата одлука е конечна и ова писмо можеби ќе побуди мал сомнеж кај оние кои остануваат во контрола.

Да не заборавиме, нашиот министер е сепак во 3 последователни влади и многу добро ги знае процесите во економијата.


Додаток:

kpakep4e = Minister za ekonomija

http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/2205238

Со почит,
SaveAss