Решение за кризата и осврт на ситуацијата

Day 1,177, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Овој текс го посветувам на Граѓаните

Веројатно сите знаете дека има преголемо производство во последните 2 дена имаме околу 3 пати поголемо производство одвообичаеното, дека платите паѓаат, дека производите поефтинуваат, дека никој е купува. Можеби оваа статија нема многу да ви значи ама добро е да ви кажам зашто ова е еден вид магичен круг.

Како прво, единствено нешто што се смени во овој период беше начинот на перцепирање на играта, другото се за жал си остана исто.

Првиот проблем се јави кога се намалија фирмите на 10 злато (за оние под 3 фирми). Тоа значеше дека сите (буквално сите - цел свет) се залета да купи фирма и сите пари ги настискаа некои за да купат 2 и повеќе фирми. Многу едноставно кажано си ги потрошија резервите на пари. Останатото е само логичка последица кога сите инвестираат во нешто:

 - Намалена продажба заради тековните инвестиции
 - Зголемена продуктивност заради инвестицијата во фирми
 - Намалување на платите заради паѓање на цените на производите

Е сега тука лежи зајакот. Сите сме си газди ама треба да си обезбедиме пласман на производите, пласман нема па:
 - Крива е државата
 - Криви се админите
 - Крив сум јас (во некои случаи и тоа испадна) XD

Да е апсурдот уште поголем платата од работник со квалификација 1 и работник со квалификација 7 имат пазарна разлика во плата од 25%, а и двете плати се апсурдни зашто нема птрошувачка.
Новиот момент е дека цел свет „изгоре“ околу 50% (шпекулирам ама не сум далеку од вистината) од златото во оптег и сега нормално е истото да стане по недостапно. За жал ова најмногу ги погодува новите играчи, додека џомбите сеуште си ги имаат паричките кај нив иако како што се мислеше на почеток дека младите играчи ќе „ќарат“ намногу.

Сега за да се дојде до 1 златна паричка од ММ ќе ви треба бајаги време, дојде ерата на „суво злато“, а барањето да се купува земјиште за 1000 мкд само го зглемува јазот за поставување на негативна спрега помеѓу инфлацијата и цената на компанија споредена со стариот систем. (моментално една компанија за оној што веќе има 3 вреди 37 злато)

Во една реченица следува РЕЦЕСИЈА се до следните економски промени.
Она што може да не’ спаси на среден рок е бејби бум од 1.000+ бебиња кои своите златни резерви нема да ги „изгорат“ во компании.

За решенија ќе почекате до викендов, едно е дека премногу се трудам за играва и за Вас, друго е што треба малку да се стабилизира ситуацијата...

Во секој случај правете еден бејби бум,впрочем како што гледате Адмните многу добро знаат што сакаат и како да го постигнат тоа. Алтернативата за купување на злато со картички нема да вроди со ефект зашто тоа е исто како ставањето злато на ММ што го имавме како акција.

Очекувајте и многу војни зголемената прдуктивност ќе го реши проблемот со долгорочно војување кој се јавуваше.

П.С. Не заборавајте, како работник не треба да се грижите за пласман на производите. Значи не беше се’ така црно.

Благодарам на сите,
SaveAss