Математиката дома и на пазар не е секогаш иста

Day 1,176, 05:34 Published in North Macedonia Nigeria by Avramoski Slave

Гледам доста математичари има па да удрам и јас една.


Значи со новово правило убаво е што ќе имаат повеќе луѓе компании, но дали е исплатливо да имаш една компанија.

Според математикиве доколку имаш имаш компанија за леб, јас со скил 9 без бустер правам 566 тоа се 94 леба. За тоа треба да потрошам 39,62 (услов да е житото 0,07) плус 5 лепчиња за да надополнам 10 енергија тоа е 2,65 (услов да е лебот минимално како некој што велат 0,53). Значи тоа е 44,62.

Доколу го продавам лебот минимално 0,5 (со данок на пазар е околу 0,52 или3) имам заработка од 47 денари. значи нецели 5 денари. Тука не е пресметано потребата за тоа што ти зема дневно енергија, плус оружје, плус билети (Од што ќе живеат другите)? Или сите само леб ќе јадиме и ќе живуркаме. тука напредок не гледам. Не гледам како со една компанија која ќе ја земеш со 10 голд ќе успееше повеќе.

Е сега сите прават математики дека ќе работаат кај друг. Но нели ако сите почнат сами да работаат кој ќе те вработи. За да те вработи некој треба минимум за лвл 9 да те плати 20. Ако има заработка од 5 денари според математиката како ќе те плати. Јас еден отпуштив денес.

За да имаш поголем профит од тие 5 денари треба да произведеш повеќе, а со тоа ќе треба да вработиш луѓе. Но со мој скил сигурно нема да ти работи некој за 5 денари. Па и со скил 5 или 6 повеќе земаат.

Заклучок не се исплати со минимална заработувачка. Така нема да можеш ни едно убиство да направиш а пак да искористиш 300 сила.

За да ти се исплати треба да имаш уште една компанија за жито но тоа не е 10 голд туку 20. Значи според мене пак постарите што имале една можат повече да просперираат и помалите нека не се радуваат дека со 10 голд ќе отворат компанија и ќе се збогатат.

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1-1669925/1/20

еве малку подобра математика од Дарко...

Ај да не тупам уште, има уште многу.

Наравоучение: Со сув газ риби не се фаќаат. Ќе видат некои малку урда на газот и одма бачило ќе отвораат...