Како и да се вртиш газот пак ти од позади

Day 1,175, 11:16 Published in North Macedonia Nigeria by Avramoski Slave

Денес донесоа админиве нови правила кој мислењата се поделени. Впрочем тие што немаат компании се радуваат дека ќе отворат компании, а оние што имаат уште не се справиле со камикази треба да почнат со ниски цени цени и слично....

Сега сите се надеваат дека сите ќе си отворат фирма за 10 голд и ќе си работаат самите за себе и така немора да плаќаат некој друг, а плус тоа да работаат кај некој друг и да си земаат плата. Само ако сите така направат каде ќе надете работа на друго место доколку секој работи сам за себе? Сигурно почетниците немаат компанија и кај нив неможе, а ако нема понуди за работа каде ќе работаат тие што немаат компании ишто почнуваат сега со играта? Значи баш ме интересира како ќе се одвиваат работите.

Проблемот е во тоа што премногу сме алчни до тој степен што ако треба сами ќе работиме се сами за да не дадеме на друг. А што е проблемот доколку вработаш некого? И му дадеш нормално плата? И да си ги продаваш по нормални цени производите?

Мислам дека премногу глупо некои ја сватија поентава. Дека сега сам ќе си работам и кој ги е*б другите. Јас сум газда!!!!!!!! А тоа е се поради комплексите од реалниот живот и врска се нема од како треба да си и што е ГАЗДА!!

Газда е кога ќе имаш вработени кај тебе и кога ќе ги платиш фер и кога ќе имаш профит, а не сам за себе работиш и накрај нема ништо нема да сработиш. Сепак не сме сами на планетава и факт е дека сами не можеме да опстоиме. Ако мислите дека ќе се збогатите ако работите сами сте се зезнале.

И незнам што е финтава што некои спуштаат цени? Мислат дека ќе заработат повеќе со тоа што сами ќе работаат. Само се лажат себе си. Али мисалм дека проблемот е што некои имаат по 2-3 профили и им се исплаќа. Но ај нека имаат нивни проблем но немора да спустаат цени кога можат повеќе да заработаат.

Е сега некој ќе се јави што нема компанија и ќе каже дека арно им е на тие што не ги спуштаат цените. Но дали размислил дека со тоа и он губи. Зошто? Затоа што тие што имаат регуларни компании нема да им се исплаќа да продаваат по ниски цени и ќе мора да спуштат плата или да дадат откази. Така да што дека е поевтин лебот кога ќе земеш помала плата, а можеби и ќе неможеш да најдеш работа...

Има уште многу за пишување али ај да не замарам и дака е доволно долго, но само ќе им порачам на тие што имаат мулти нека не ја спуштаат цената затоа што секако ќе ја продадат робата, а и не е ова вистински живот и неможеш заработката да ги претвориш со пари така да нема поента да се прави тоа!!!