Економска стратегија (заменик министер)

Day 1,174, 15:08 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Почитувани Граѓани,

Напрво сакам официјално да му честитам на Струмјанин за исклучителната победа и да му заблагодарам за довербата која ми ја даде. Секако дека постои голема одговрност пред сите на кои им беше дадена доверба и искраено мислам дека сите заедно ќе треба да ги пребродиме овие месеци. Има многу отворени прашања на кои треба да се најде или да пробаме да најдеме одговор и секако уште многу останати прашања кои тековно ќе треба да им се обрне внимание.

Сите обраќања кои ќе ги правам преку мојот личен весник ќе се однесуват на лични мислења и лични ставови. Сите коментари кои ќе ги давам ќе бидат личен став. Единствено официјалните одлуки во весникот на Министерството за економија ќе бидат официјален став на мојата функција. Секоја прилика да се поврзат личниот став со фукнцијата ќе бидат демантирани врз основа на оваа статија.

Оваа влада ќе биде првата во историјата која е различна од другите т.е. има мешана структура и лично се надевам дека довербата која им се даде на по-младите играчи ќе биде издржана. Секако дека идолите кои се бореа за еМакедонија нема никогаш да исчезнат од историјата на оваа игра, нивната „војна“ е недостижен предизвик за сите нас. На нас останува да го чуваме и да управуваме со нивното наследство се со цел нивните напори да не бидат залудни.

Што би значело заменик Министер по економија во следнве месец дена?

Тоа би била синергија помеѓу сите Министерства која ќе се залага за решавање или барем во најмала рака да проба да изнајде решение на тековните проблеми со кои се соочува економијата во земјава. Бидејќи индиректно сите ние сме де од таа економија ќе набројам неколку главни точки:

- Стабилизација на курсот на златото. Ова е важна точка на секоја макроекономска земја и ќе биде координирана со министерството за Финансии, под чија надлежност се наоѓаат вредностите на валутите.

- Изнаоѓање на решение за проблемот со камиказите. Оваа е сериозен воено-економски проблем и неговото решавање не е само бенефит за економскиот статус на една земја него и долгорочен воено стратешки одговор на економски напад. Вакво решение е од голема придобивка и сметам дека сите го гледаат тоа.

- Зголемување на приходот во државата, а физичката ограниченост на ресурсите на една земја ќе пробам позитивно да ги искористам.

- Воведување на даночна политика која ќе соодветствува на интересите на државата т.е. даноци кои ќе бидат штит на домашната економија и кои ќе немаат „дупки“ за некој да ги прескокнува и со тоа да прави нелојална конкуренција на останатите.

- Дефинирање на буџет за министерствата и нивно транспарентно изнесување, изнаоѓање на начини за делумно или целосно самоодржување.

- Централизирање на сите набавки преку министертвото за финансии. Останатите министерства ќе добиваат само материјални средства кои ќе бидат побарувани преку јавни тендери со негативно наддавање на цена. Исклуок се бустерите кои сами посебе се краен производ во форма на финасии.

- Поддршка на програмите за обука, изнајмување на опрема за извршување на мисиите и останатите невладини сектори со позтивен фидбек преку одредени мисии (претплата на весници и сл.) за да се постигне Win –Win ситуација.

Сите овие точки ќе бидат ставени на дискусија преку соработка со министерството за информации, оние прашања кои се од државен интерес и кои се доверливи ќе бидат изземени од јавна дебата.

Сите ваши проблеми кои се надвор од овие точки, можете да ги упатите на адреса на министерството или мојата лична со тоа што нормално е дека мојата приватна адреса е неформален начин на контактирање.

Благодарам на одвоеното време,

Со почит,
SaveAss

п.с. Повелете учествувајте во дебатата со предлози.