Дали државата има план ?

Day 1,162, 11:32 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Многумина од нас веројатно се прашуваат дали државата има план? Кога и дали ќе има востание? Кој е крив за окупирањето на Македонија? Како дојде до ова?

Треба да бидете свесни дека во последната недела, геополитичката состојба во регионот драстично се промени. Значи нашиот моментален пораз не се должи на силата и деструктивноста на нашиот непријател, како што самите си милуваат да кажат.

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1651675/1/20

Нормално затоа и мојот коментар е соодветен. Значи нашиот непријател не е јак, проблемот е што МОМЕНТАЛНО нашиот сојуз е дестабилизиран. Очигледно е дека согласно изнесеното нема некоја голема причина да бараме вина во лидерите иако после војната сите се генерали.

Од горе изнесеното лесно се заклучува дека нашите идни акции многу веројатно ќе бидат поврзани со флуктациите на геополитички план. Значи сите ќе знаете кога ќе дојде времето и бидете трпелливи.

Дали и што ќе правиме во меѓувреме?

Верувајте дека се разгледуваат неколку можности како да се наштети на нашиот окупатор. Како да се оштетат економски, како да се оштетат макроекономски и како да се оштетат пазарно. Значи едноставно нема да можат да ги затворат сите дупки, секогаш ќе има нова дупка за затворање. Она што со сигурност можете да очекувате е дека ќе биде организирано и секогаш ќе биде чекор понапред од окупаторот.

Ако они имаат „сила“ ние имаме слога и памет, па ќе видиме кој е по инает 🙂
Потребно е да направиме еден ПОПИС:

Кој каде се наоѓа, колку му се работната и воената сила. Дополнително дали има некои пријатели кои играат за да не ги двоиме и сл. Нормално линк до профилот.
Така ќе имаме подобра претстава каква е поставеноста на нашите граѓани низ државата или надвор од неа.

Ете тоа е драги сограѓани, доколку сакате и другите да го прочитаат ова, знаете Vote, ако сметате и дека темите Ви се поучни, кликнете и Subscribe.

Коментирајте, оставете ПМ, најдете ме на ИРЦ. Тука сум да одговорам.


Благодарам на Вашето време,

Со почит и секогаш за Вас,
SaveAss