Што има полошо од лош сосед?

Day 1,160, 10:50 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Многу едноставно лоши гости 🙂

Значи во следниве 48 часа источна еМакедонија е на гости кај нашите соседи. Иако можеби несвесни за последиците ова е повик кон еБугарија да ја предадат следната битка и потоа да ја предат источна македонија т.е. да си се вратат назад.

Доколку не го гарантираат овој ултиматум, верувам дека многу полошо ќе си поминат. (нема да го расипувам изненадувањето)

Многу важно е сите еМакедонци во овој период да останат со смирени глави. Оние кои имаат над 250 сила и се над 17-ти левел нека се вратат назад во западна еМакедонија. Оние кои се под овој левел нека останат таму каде што се и нека се пријават исклучиво со ПМ (еве кај мене). Ако немате билет, обратете се повторно до некој од еМакедонија да ви донира.

Предупредување: еРепублика е само игра, уживајте во пресвртите и интригите. Бидете КУЛ!
Најважно е да знаете дека сме многу појаки од нашите противници, нашата сила е во нашата слога, нашата слабост е нашето разиденување... да останеме силни!

За да бидам краток... Државата ја прави народот, не регионот затоа бидете упорни.

Многу е важно да контактирате некој во ПМ.

Благодарам на вниманието,

со почит,
SaveAss