Добро влијание - Лошо влијание

Day 1,124, 11:17 Published in Turkey North Macedonia by The D0ct0r

Добро влијание не постои. Секое влијание е неморално - во научна смисла. Се прашувате зошто?

Затоа што кој влијае на друг човек на овој му ја дава својата душа. Човекот престанува тогаш да мисли со сопствените мисли и да гори со сопствен жар. Доблестите негови не припаѓаат вистински на него. Гревовите негови, ако воопшто постојат, позајмени се. Тој станува оддек на туѓата свирка, глумецот за кого улогата не е пишувана за него. Целта на животот е да се развиваш самиот себе. Секој од нас е тука сосема да ја оствари својата природа. Луѓето денес се плашат од самите себе. Заборавиле на највисоката должност, должноста кон себе. Се разбире, тие се дарежливи. Го хранат гладникот и го облекуваат питачот. Но, сопствените души им умираат бедни и голи. Нашето поколение ја изгуби срчаноста. Можеби навистина никогаш и не сме ја имале. Ставот од друштво, на кое се заснова моралот, стравот од Бога, кој е тајна на религијата - тоа се две работи кои сосема владеат со нас.

Па сепак верувам, кога само еден човек би сакал својот живот да го проживее сосема и сосема да даде на секое чувство облик, на секоја мисла израз, на секој сон стварност.. верувам дека светот би добил таков замав на радост, што би ги заборавиле сите болести од минатиот век и би се вратиле на елинскиот идеал - или можеби на нешто што би било поинтимно и побогато од елинскиот идеал. Но и најхрабрите меѓу нас се плашат од себе. Самоунакажувањето на дивјакот живее понатаму на трагичен начин во самоодрекувањето, кое на нас ни го унакажува животот. За одрекувањето наше нé стигнува казна. Секој инстикт, што би сакале да го задушиме, трае и понатаму во духот наш и нé труе. Телото само еднаш греши и го симнува гревот од себе, бидејќи делувањето е некој вид чистење. Преостанува само споменот на една наслада, и слатка болка дава онаа поминатата. Единствениот пат да се ослободиме од искушението е да му се поддадеме. Спротистави му се и твојата душа ќе биде болна од копнеж по работи, кои самата себеси си ги забранила, болна од копнеж по она што нејзините страшни закони го направиле страшно и недозволено. Добро е речено "Најголемите светски доживувања се случуваат во мозокот". Во мозокот и единствено во мозокот се случуваат светски гревови.



I know that u see that i am with turkish citizenship but i am macedonia and i wrote this on macedonian

Pls sub + vote

Hail phoenix

And shout if u can and want

Tnx