Лебот и Војните

Day 1,080, 01:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Вака или онака, секој од нас дневно мора да купи барем по две лепчиња. Изминативе денови бевме сведоци на големи турбуленции во цената на лебот, за сега кончечно да се стабилизира на 0.34МКД. Цената е прифатливо разумна и за потрошувачите и за корисниците. Некој кој го читаше мојот претходен артикл во однос на цената на лебот, веројатно виде дека прогнозирав погрешно, односно леб околу 0.4 денари. На што се должи овој пад? Просто, падна цената на житото. На Македонскиот пазар, кој е строго увозен (за жито), се појавија многу српски фирми, од богатата Војводина, кои во борбата за пазар ја спуштаа цената, се додека не ја спуштија до 0.04 денари, што го прави производството на лебот 0.26 до 0.30 денари, зависно од типот платите на вработените. Доброто менаџирање, на производителот му носи солиден приход, а цената не е голема.

Во насловот се споменати и војните... 15 дена не делат од мирот кој го имаме. Што потоа... речиси сигурна е војна на грците против нас, а ако прелистувате бугарски весници, ќе видите дека таму народот е поделен на две струи - една е за војна со Македонија (за освојување на богатиот со камен исток). другата е за мир со Македонија и содејство во рамките на ФЕНИКС сојузот, против Грција која е членка на ЕДЕН. Што е тука со една од најсилните членки на ФЕНИКС - Србија? Како ќе настапи србија во овие судири? Ќе бара ли воен плен во Македонија? Ќе ја заштити ли Македонија?

Верувам дека навидум неповрзаните работи - цената на лебот и војните, токму тука ќе кршат копја. Војна против Македонија е уништување на бизнисот со пченица. Просто лебопроизводителите нема да купуваат жито од Војводина, туку од другите на пазарот. Србите тоа го знаат, и веројатно за нив е поисплатливо да билдаат експириенс на Грците (кои ионака се во друг воен сојуз), па да се надеваме дека ќе ги исполнат обврските кон сите кои војувавме за нив...

Кога сме кај тоа... Бугарски инвестиции речиси и да нема. Внимателно! Потребен е сојуз со Бугарија во оваа стратешка игра, но мора да се биде претпазлив.

П.С: во 5:30 денес завршува наградната игра за куќата и во весников ќе биде објавен добитникот. Последни апликации - овде: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1560642/1/20