Лебче или куќа? Или двете?

Day 1,077, 01:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Решив да напишам нешто за лебчињата и куќите... Тука има доста математика, па затоа немоте да избрзувате со ниту една одлука.
Прво да разгледаме - колку здравје губиме дневно: Покрај компанијата во која работите има ѕвездички. колку повеќе ги има, толку повеќе здравје губите. Додуша, веројатно сте и поплатени. Нејсе, се губи дневно, заради работа и тренинг околу 3-6 здравје. Секој од активните играчи чат пат, ќе појде на бојно поле, каде што ако има среќа ќе изгуби само 10 здравје, а ако е инајџија може и многу да се оштети... Затоа ќе земам дека просечно во денот губиме околу 10-15 здравје (овде можеби поискусните играчи ќе забележат дека има поопширна Математика, но е-Македонија е млада земја, па повеќе на број се неискусните)...

Ах, да... Математиките:

Производителот на леб има цена на пченица околу 0.05 денари, му требаат 6 парчиња за леб со 2% здравје, т.е. околу 0.3 денари за материјал. Производство на еден леб во просек го плаќа 0.01 денар за вработениот и 0.01 денар за данок, па така имаме вкупно околу 0.32 пред да стигне на пазар. Го продава по 0.39 (просек), што знали има 0.07 денари или со сегашниот курс тоа е 0,00231 злато. А инвестирал околу 45 злато (фирма, лиценца, организација...). Ќе го врати инвестираното за 19.000 произведени леба, па ако земеме производство од 190 леба на ден, и многу среќичка, производителот ќе ја врати инвестицијата за 100 дена (денес ако основа, во февруари ... здравје Боже). Тоа значи дека лебот неминовно ќе оди нагоре. Кога тогаш, ќе се усогласат производителите и ќе оди цената некаде на 0.42 денари, т.е. барем до Нова Година да е во була, па да почне да дига глава!

Производителот на куќи заради фактот дека Македонија е со High производство на ќе оди спротивно на лебот. Како ќе се отвораат производители на куќи, така цената ќе паѓа, а сепак газдите ќе имаат добар профит. Очекувам, една куќа за задоволување на дневни потреби (6% здравје, трајност 10 дена) да чини некаде околу 10 денари.

Одлука... куќа или лепче?
Решение - двете. Куќата нека ви надокнадува здравје, фиксно во текот на денот. Но откако сте го надокнадиле здравјето, ќе ги проверите бојните полиња - и оп, згоден грк (илузија, ама грчка), за тепање! И ај не тепај го де? Ќе го отепаш и отиде 10,20 или 30 здравје...Тогаш мора да земете лебче. А најефтиното лебче е најисплатливо (ама губите од комодитет)...