Бугарија планира агресија на Македонија!?

Day 1,073, 08:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

„Президента каза, че иска да нападнем еМакедония за да раздвижим малко играта.“ - Ова во превод на Македонски е: „Претседателот рече дека сака да ја нападнеме Македонија за да ја раздвижиме играта“... Дилемата на Бугарите е тоа што се во нашата алијанса (Феникс), па се разговара што би било подобро: да се излезе од алијансата и да се нападне, што го сметаат за ризичен чекор, затоа што Србија и Турција можат да ја згазат Бугарија за еден ден, а второ е да се повлече некоја реорганизација, таква што Феникс ќе ја исфрли Македонија од алијансата, а во ЕДЕН нема да може да се влезе, затоа што Грците нема да го дозволат тоа. Вториот план е потежок, но за нас е толку опасен што би не ставило во окови за наредниве 100 години - т.е. веднаш би се повлекле барем 70% од еМакедонците.

Се надевам дека оваа статија ќе го раздвижи малку нашиот конгрес, и дека ќе преземат мерки за засилено сојузништво со Феникс земјите.

Методиус Магнус