Отиде здравјето... што сега?

Day 1,072, 06:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Многумина од новите играчи, успешно стигнаа некаде до левел 7-8, се почувствуваа јаки, и на бојното поле го оставија здравјето. Дури и ако ја задржат работата како непродуктивни, речиси да не заработуваат доволно за да купат парче леб - т.е. речиси да немаат шанси да го вратат здравјето, продуктивноста и со тоа нивниот прогрес е доста закочен. Чаре?
Прво - соземете се - не е се изгубено. Секогаш има, и ќе има играчи кои ќе сакат да ви помогнат. Обратете се директно со писмо до некој од нашите конгресмени или пак до играчите со повисок левел, па тоа може да резултира со некое лепче. Што ако на тој начин не најдете доволно храна за доволна или целосна реставрација на здравјето? Денари немате... Мора да преземете радикален чекор - размена на злато за денари. Обично заштедата треба да ја правите во злато, но овојпат направете го спротивното, Одете во Market -> Monetary Market. Изберете Sell Gold, Buy МКД, и продајте малку од своето злато. Сегашната размена е отприлика 1:35 продажна до 1:40 куповна. Значи за 1 злато би добиле 35 денари, што во во сегашните мерки за леб ќе дојде околу 105 леба со хранливост од 2 поени - доволно за 200 здравје - т.е. потполна ресторација на вашето здравје.
Кога сме кај пресметките. Постои медицински пакет за 0,5 злато, кој инстант ви враќа 10 здравје... Ако се помачите со погорната размена, за истите 0,5 злато можете да набилдате 100 здравје. Така, освен ако од некоја чудна причина нема друго чаре, искористете го тој пакет...

Ветив минатиот пад дека ќе направам анализа на трошењето злато во битка, но немам доволно време за таа анализа. Тука има повеќе математика, па би ве замолил да причекате до следната статија.

Искрено, Методиус Магнус