Треба Ли Да Војувам? (туторијал)

Day 1,071, 12:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Многумина влегоа во е-република Македонија и решија веднаш, со па дури и без првиот тренинг да ги испробаат своите вештини на бојното поле. И направија грешка... Можеби, по некој од нив победи во понекоја битка, но она што не го знеше е дека со неговото намалено здравје (health), опаѓа и неговата продуктивност. Газдите на фирмите не сакаат да вработуват непродуктивни играчи, па затоа се случуваат отпуштања. Затоа НЕ ВОЈУВАЈТЕ!

Но не е се така едноставно... Оние кои решија да војуваат, а имаа среќа да налетаат на многу слаби противници, забележаа дека нивното воено и општо искуство е зголемено. Тоа пак им овозможи да најдат нови мапи на богатство, со златото да купат здравје или храна и слично. Напредуваат далеку побргу од оние кои не војуваат (ако анализирате, ќе забележите дека авторот на овие редови е 14-ти левел за 6 дена, т.е. војувал... баеги)... некој ќе рече - тогаш АЈДЕ ВО ВОЈНА... Но ни ова не е правиле одговор...

Што е одговорот? Битки на нашите сојузници има секојдневно. И не ве чини ништо да тркнете до военото поле (Battlefiled) и да проверите каков противник стои зад вас. Затоа што секогаш може да има некој од спротивната страна кој жестоко сакал да војува, или го затекла таква ситуација. Тој некој можеби е на многу ниско ниво со своето здравје... И згора на се помал според искуство и невооружен! Ете, тогаш се војува. Тохаш, на таквите противници - се напаѓа. Ќе потрошите 10 поени од вашето здравје, но имате и напредок...

Наредната статија ќе биде објането прашањето: Дали да потрошам еден злато - за инстант убиство... Каква е пресметката, дали вреди и слично... дотогаш, препорачајте го весников на вашите пријатели...

Искрено, Методиус Магнус