Неделен рапорт [ 14.12 - 21.12.2014 ]

Day 2,588, 02:51 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia


издание бр.3
Неделен рапорт, издание бр.1

Падот на империите, сојузничката инвазија на Шпанија, билатералните договори... Што беше тоа што ја одбележа оваа веќе измината недела?

Неделава бевме сведоци на неколку битни потези кои го променија курсот на овдешната политика. Од падот на Полска па се до Тајландската бура на истокот секој момент беше важен за понатамошниот ток на работите.


Екипата на еМакедонска Газета бираше па според истата :

НАЈВАЖНИ МОМЕНТИ НЕДЕЛАВА:



Падот на Полска

Иако се верува дека големата империја мирно се повлече од своите окупирани територии а потоа го потпиша и колапсот на Варшава со кој доби мир со сите соседи, фактите се дека Пољаците се едни од најорганизираните и најспремните па можат да се вратат на положбите со не многу мака. Окупираните територии во голема мера ги превзеде Белград, но многу држави почнаа да се етаблираат на мапата, како што искористи и Германија. Оригиналната територија ја превзеде Аргентина.

Инвазијата на Полска и Словачка

Кој друг ако Аргентина не искористи момент за инвазија на некој што пропаѓа, но не би требало се да биде голо ако немало некој билатерални договори помеѓу Аргентина и Полска. Додека траеше веќе минатата окупација над Варшава единствено Словаците пробуваа да се ослободат во повеќе наврати, но сето тоа без ефект.Но, сето тоа не остана без последици за Аргентина. Нигерија се ослободи во два наврати по што беше тешко за империјата да се бори и со Нигерија, со Словаците и повремено во Јужна Америка.

Америчко-Португалската инвазија на Шпанија


Шпанија остана без тие со кој секогаш одеше во комбинација и и го чуваа грбот (Полјаците), а Португалците тешко да можеа да пробаат да го направат ова што сега го направија. Американците од север и Португалците од запад ја започнаа инвазијата на Шпанија. Регионите паднаа, остана само источниот дел, а Мадрид е окупиран од страна на сојузниците, со што ниеден регион нема директна повржаност со Мадрид.

Тајландска бура


Тајланд се повеќе и повеќе се етаблира како здрава и цврста држава на далечниот исток. После окупацијата на Индија се впушти во војна со Јапонците, а епилогот ќе го видиме..

Италијанската светла точка на Скандинавија

Кога едвај и скоро да не можат да се ослободат од тенковите и војниците на Белград во нивната матична држава, Италијаните се одлучија на Норвешка и Шведска. Но дали се некој договори во прашање?

Иранско-Рускиот договор

Иран и Русија се трампаа за два региони, со што едните добија храна додека другите суровини за оружје..



Тоа беше изборот на еМГ. Поздрав.

пс. ставете коментар