ZA VOLKOT

Day 2,638, 16:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Volk No1

Јас - човек со ладно срце на ѕверот
Јас сум волк што лае на месечината во текот на ноќта
Одам низ целиот свет и во никој верба немам
И за ништо не чувсвувам вина.
Кога сум во ужасна борба, победувам.
Ги заривам мојте заби во месото на злото,
Зашто не се плашам, зашто повторно во себе се раѓам.
Многу сум искрен и бесно лут
Паднав во стапица на итриот
И сега претпазливо одам кон светлината
Таму лелекум, раните да ги лижам.
И кога на кожа лузни немам
И после се, знам, овој живот не е убав.
Под меките стапки по патот што го одам
Чувствувам ладно од првиот снег
И колку што тој мој пат е поопасен и подолг,
Толку побистро гледам и побрзо одам
Не чувствувам замор
Ниту болка од неизбежните нови рани.
Задоволен сум што судбата ми е таква
Ја користам таа шанса што дадена ми е
Ја живеам својата честичка на овој век
Живеам слободно,брзо, но не без смисол
Како волк со ладно срце на човек,
Како човек со топло срце на волк !!!