The Girl from the Moon!!

Day 2,851, 10:23 Published in North Macedonia Indonesia by Golden Boutique


Сe е чудно, сe е тешко. Солзите понекогаш сами доаѓаат и нe задушуваат без причина или можеби така ние си мислиме. Има денови кога и самите не се поднесуваме, а уште повеќе има денови кога и другите не можеме да ги поднесеме. Денови исполнети со болка и тага, денови исполнети со мрак и солзи.
Живот... Нешто што мора да се помине... Болка која секој ја доживува...
Рана... Која секој човек во себе барем една има...
Љубов... Само дел од животот на некои луѓе.
Мојот живот пред и после една вечер... Чувствував Болка, тага, изнемоштеност, ми беше смачено од животот кој го живеев. Мислевте имам се? Можеби имав се... Но дали ја имав среќата? Дали имав искрена прегратка со зборовите ТЕ САКАМ? Дали мојата љубов беше возвратена... или сепак само патев по нешто невозможно? Кој бев јас Пред таа вечер? Што имав јас пред таа вечер?Имав Само рането срце, само разболена душа Бев некој а сепак никој. Ме познаваа сите, но јас самиот не се познавав... имав желба да сторам нешто со мене...А сепак ништо не правев... Седев со скрстени раце и чекав Божја милост! Чекав времето раната да ми ја заздрави... И како секогаш повторно наивно да се вљубам и во нечија прегратка солзи да леам... Да се жалам на своето минато... Да тагувам за својата иднина мислејќи дека неможе да се измени.



Ти си солза во моето око,ти си живот кој го живеам,ти си она што постои за да ти се восхитувам.Се посилно чувствувам како ми струиш по телото и поминуваш низ душава оставајки траги,кои со секое отчукување на срцево ме потсекаат дека постојам само за тебе...Воздухот е студен,небото натрупано со облаци...ме потсетува на зимско топење на мраз во некоја река...Полумесечината се кандилка помеѓу облаците,опкружена со тие воздушни санти...А каде сме ние во овој приказ?Мислам дека немора сите да знаат,само ке им напоменам дека сум подготвен само за тебе...Вечерва треперам како да ми е прв пат...Те знам од неодамна но се чувствувам како цел живот да сум бил со тебе...Само пробај,осетија мојата гладна потреба за тебе...Доволно е тоа да го знаат,другото е само наше...Прашина од минатото...зрно од секавања...плод од судбина...Онаа судбина што не спои...Во која нетреба,но сепак верувам!!