Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

STAR TREK квиз

Day 1,534, 13:05 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by N B Forrest

Специјално за VAse the Great и за другите кои ги обожаваат Star trek!!!

Неколку прашања во врска со серијалот. Одговорите запишете ги во коментар...

1. Која врста е Капетан Кирк?
2. Каква боја се андоријанците?
3. Кој го направил првиот контакт со вонземјаните и која година?
4. Кои биле вонземјаните?
5. Во кој квадрант се наоѓаат Боргите?
6. Како се вика планетата на клингонците?
7. Мајка му на Спок е земјанка, а татко му Сарек?
8. Диана Трој е мелез помеѓу?
9. Каква боја има крвта на вулканците?
10. Која врста најмногу ги интересираат парите, па имаат напишано 286 правила?
11. Колку врсти се Ксиндите? (бонус: кои?)
12. Мајор Кира е?
13. Што е Pon Farr?

За точните одговори давам награда. Пишете во коментар што сакате за награда.
Битно е само да напишете храна или оружје, кое Q и колку... праќам веднаш.

П.С. бидете скромни :)

 

Comments

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:16

Тооо, Стар Трек, абе не сум гледал 2 месеци еееејјј...
Воте + шаут !(суб од порано)
ај не ги одговарам прашањата да им даам шанса на другите.

N B Forrest
N B Forrest Day 1,534, 13:19

абе, има и за тебе, и за сите, не мора да одговараш на прашањата
или може не ги знаеш....

The D0ct0r
The D0ct0r Day 1,534, 13:27

Sub i vote za statijava, BRAVO. Ti prakjam u PM odgovori za 5 minuti.

The D0ct0r
The D0ct0r Day 1,534, 13:28

2-3 odgovori ne znam, a i bebence si, da ne ti gi zimam resursite...

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:30

Не, ме провоцирај (: , во состојба сум цел ден да праам муабет за Стар Трек, од кој сакаш аспект !
Искрено тоа последното не ми текнува шо беше, мислам дека е или клингонски или бајорски ритуал или така нешто...и на 3-тото , годината не ја памтам, нешто како 2086-та, битно тој век е.

N B Forrest
N B Forrest Day 1,534, 13:33

само напиши што сакаш и колку...
ресурсите не се проблем, или што би рекле ференгите:
2. You can't cheat an honest customer, but it never hurts to try

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:37

хехехе...па пушти некое тенкче...колку да можам да се тепам утре и да не идам у минус...

N B Forrest
N B Forrest Day 1,534, 13:38

хаха, а одговорите?
нема веза колку ти требаат 5, 10, 20?

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:40

А, да утре има битен напад од Deep Space Nine, preku warmhole-to, treba da ideme prvo vo izviduvacka misija so Defiant, da vidime dali ima Jem Hadari na nashata ruta, na dvizenje na vojskata...zatoa spremi si go Defiant, kazi mu tamu na O'Brien detalno se da proveri, a Quark neka najde troa dilitium, moze ke pritreba za trampa ili mito (:

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:45

1.човек
2.сини со антени ко тој на сликата
3.рокерот (: Зефран Кокран, мислам 2080 и некоја
4.Вулканците
5.Делта квадрант
6.Ко’нос
Јас, мислам стига до тука од мене...

N B Forrest
N B Forrest Day 1,534, 13:48

ја сепак мислим дека Star Trek: Enterprise е најдобар серијал...уште немаат телепортери, не одат повеќе од warp 2, никој не ги сака земјаните, имаат крш летало, компјутерите им се слаби, замисли вратите им се отвараат со стискање дугме...
затоа е најдобар!

П.С. Successfully transferred 10 item(s) to VAse the Great.

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:50

http://www.youtube.com/watch?v=qIjOifRG-u8
Хахах...Тоа беше Pon Farr, кај Вулканците .

VAse the Great
VAse the Great Day 1,534, 13:58

А за Ентерпрајз со капетан Арчер, прво ко го гледав, бев уште тинејџер, и малку ме нервираше шо беа како вејка на ветерот(а и ми фалеше ДС9, некако ова беше различно), сите ги скенираа, ги тепаше кој стигне, ама како што одминуваа епизодите, до крајот ми стана фаворитен серијал...
Абе у тој серијал луѓето се нешто како шо е Македонија сега (:, слаби, со недоверба од пријателите и закани од пријателите, заостанати, но со голем потенцијал, храброст и чесност , шо испаѓа дека е најбитно на крајот, за да за 100 години луѓето станат лидери на Федерацијата.

П.С. Фала за тенкчињата !

TRTE T
TRTE T Day 1,534, 14:01

Моја омилена СФ серија
би требало да ги знам сите одговори!

N B Forrest
N B Forrest Day 1,534, 14:02

е ајде, одговори ги
имаш 10 тенка, хаха

efiljo II
efiljo II Day 1,534, 15:42

Jas pak mrazam naucna fantastika ( bar sum realen ), ali pak moze da mi pratite q5 hrana ne mora mnogu bar 20 dokolku imas.

N B Forrest
N B Forrest Day 1,535, 12:12

Одговор на прашањатаЧ
1. човек
2. плави
3. Zefram Cochrane на 4 Април 2063 година
4. Вулкаци
5. Делта квадрант
6. Qo'noS
7. Вулканец
8. Таткото на Диана е човек, а мајката е Бетазоид
9. Вулканската крв е зелена (имаат бакар наместо железо во хемоглобинот)
10. Ференгите
11. Имало 6 врсти на Ксинди: Акватици, Рептили, Примати, Инсектоиди, Арбореали и изумрените Авиани.
12. Мајор Кира е мајор во Бајоранската армија
13. Pon farr е период на парење кај Вулканците. Настапува секои 7 години (што не е толку лошо кога ќе се земе колку подолго живеат од земјаните, а и не е ЛОГИЧНО да е на пократко време)

N B Forrest
N B Forrest Day 1,535, 12:14

Ќе следуваат и други научни, научно-фантастични и забавни содржини и квизови, со богати награди...

rabiddd
rabiddd Day 1,538, 08:48

s42 v12
v+s nazat ako sakas http://www.erepublik.com/en/article/-1-1959250/1/20

CvitMachine
CvitMachine Day 1,554, 13:12

s44 v13 vrati

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.