Regiment Rumble организација на МТО [MTO]

Day 2,806, 08:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


ЕДИТ:
ВЕ ЗАМОЛУВАМ ВО ИНТЕРЕС НА ВРЕМЕТО ЗА СОРАБОТКА:

----тие што се моментално во ПРВА или ВТОРА чета на МТО а не планираат да пукаат следната недела да се пријават кај мене за да ги изротирам со некои што ќе пукаат!

----тие што се во другите чети на МТО или сакаат да се приклучат на МТО а ќе бидат активни и имаат можност да испукаат голем број на убиства да ме контактираат со инфо колку имаат за пукање бомбони / базуки / и дали имаат пакети (power или inf.) за да ги подредам во првите две чети на МТО!




Здраво еМакедонци,


Нема многу да должам и ќе напишам кратка статија бидејќи времето за почеток на следниот турнир е многу кратко а статијава е наменета токму за него.

МАЛО ПОТСЕТУВАЊЕ: Како што знаете МТО како воена единица од еМакедонија се спремаше за претходниот турнир наменет за реџиментите (во продолжение - ЧЕТИ) и благодарение на одличната организација, спремните и координирани членови кои ги следеа наредбите и несебично се вложија за време на целиот KILL RUSH ТУРНИР на крај епилогот беше одличен - првата чета на МТО заврши во топ 25те чети во еСветот! Ова е завиден и голем успех имајќи ја во предвид конкуренцијата на светско ниво со која МТО се бореше. (ИНФО НА ОВООЈ ЛИНК)

ЕПИЛОГ ОД ПРЕТХОДНИОТ ТУРНИР: На крај од турнирот Плато не награди со одлични финансии и скоро 8000 злато кои во согласност со политиката на МТО и во консултација со сите заслужни учесници во турнирот беше распределена сразмерно според учинокот на сите кои дадоа придонес а солиден ден од наградите беше издвоен за помош на Д1 профилите кои немааа надградени теретани. (ПОВЕЌЕ ИНФО НА ЛИНКОВ)

Работата на МТО продолжува и иако е многу краток периодот за следниот ваков турнир и иако Плато не ги открива до крај правилата за истиот сепак сакаме да останеме верни на традицијата и да се организираме најдобро што можеме да земеме достојно учество и на овој турнир.



Турниров дојде во малце незгоден период кога поголемиот дел од МТО капацитетите, средствата и фондот се сконцентрирани на спроведување на одличен предлог проект на предлог од gospodinotbitola а во соработка и помош со Dragan Ampovski и неколку други добро организирани и несебични момци сакаме да опремиме поголема екипа Пакети за пукање (повеќе на ОВОЈ ЛИНК), сепак сакаме да покажеме достојна организација и на овој турнир да го понудиме она што го направивме во организациска гледна точка на минатиот KILL RUSH турнир и секако да го понудиме истиот систем на распределба на евентуалната добивка, награди или сл кои би дошле по новиов турнир.

Да не должам многу, ги повикувам СИТЕ постојни членови на МТО кои планираат да бидат активни и да пукаат поголем број ан убиства, БЕЗ разлика на Дивизијата, силата или ранкот кој го имааат да ме контактираат мене за да се координираме и подредиме по ударни чети што поскоро. Ветувам добра организација, пожртвувана борба, поделби доколку правилата на турнирот го бараат тоа, интересен турнир и на крај фер поделба на евентуалните награди од турнирот согласно учинокот и придонесот на сите членови.

Воедно ги повикувам и поканувам сите членови на помалите единици кои имаат можност да дадат придонес со убиства за следниот турнир да ме контактираат за да ги поканам и подредам во четите кои планираме да бидат ударни за турнирот.

Сакам да напоменам дека целта не ни е да растуриме веќе организирани чети во поголемите единици како што се ПРЦ или МЦФ кои имаат веќе формирани една до две чети кои ќе им бидат ударни туку сакаме да ги окрупниме оние помалите човек единции или неорганизирани чети да нис е приклучат и да помогнат рамо до рамо со другите поголеми единици во светот да се пробаме на турниров.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Ве повикувам на што поитно координирање и на сите Македонски единици им посакувам успешен Турнир и врдни награди за сите!



Аминта