Re:СЕКОЈА ЧЕСТ еМАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!

Day 2,469, 14:54 Published in Chile North Macedonia by Nexus.MKD

Иако ич не сум љубител на пишувањето во весник, морав вака.
Последниве 2 месеци често дремам по странскиве весници. Се запознавам со карактерот на околниве, регионалниве еНации, Анализирам. СТАНДАРДНО.....90% од еДржавите функционираат како во РЖ. Позиции, Опозиции...карања, опструкции, дури и Интерни Државни удари. Најтазе е примерот Србија. Се појави група на стари играчи(носталгичари) на кои што не им се допаѓал воопшто начинот на кој што еСрбија функционира и решија да им се изнаебат. СВЕСНО го ресетираа трезорот на НБ Србија, со аманет дека целокупните ресурси ке ги чуваат скриени за еден ден кога еСрбија ке се издигне од пепелта да ги вратат назад. Од тој момент натаму, еСрбија отиде у курац. Во догледно време нема да се опорават. Карактерот од РЖ им преовлада во играта.
Донекаде исти ташак е и во Полска(мое мислење). Пазете ве молам. Имаат цела група одвоено од сопствената дрзава(не слагајки се политиката на матицната еПолска) што има земено Хрватски дрзавјанства и Активно учествуваат, како во политичкиот, така и во Воениот живот на новата им матишна држава еХрватска. Притоа цело време во позадина активно работат на саботирање на сите актуелни раководства на еПолска и цекаат момент да се вратат.
Има слични примери и во еРоманија, еШпанија и тн.

Но.....во еМакедонија се случува во континуитет МАГИЈА!!!
Играва активно ја играм веке повеке од 1.5 год. За овој временски периот се сменија 18 Претседатели, пун кур конгресмени, 4 Сојузи,....бевме бришени од мапа, Стигнавме до 10/10 ресурси, во два наврати го игравме "ТЕШКОТО" на целата територија на еГрција. Пиевме виски на територија " СЛОБОДНА КАЛИФОРНИЈА". Одлетавме во "ДУБАИ" на шопинг па ни се уарни се заседнавме подолг временски период. Се улежавме до максимум...и дојде сметката за плаќање.....МАШКИ ЈА ПЛАТИВМЕ. ДО ПОСЛЕДНА КАПКА КРВ. ДО ПОСЛЕДЕН ЕБАМ еДЕНАР......не можевме повеќе. Не вратија дома. Не поробија. 3 мачни месеци не држеа под чизма.

НО....за целиот овој период во еМакедонија се случува нешто магично. Ние не наликуваме ни најмалку на раскараните Македонци од РЖ. Ние не се ебаваме со политики, фракции, лоби групи. Ние (дали маката од историјата, врезана во насиод ДНК код) функционираме СЛОЖНО И КАКО ЕДЕН. За само 5 дена направивме(иако ја зборевме 2 години, реално за моментот немаше организација) ВЕЛЕСИЛА КОЈА ШТО ГИ ЗГАЗИ СО x2 ИНФЛУЕНС сите други единици на играва. Се роди преку нок МакедонскатаАрмија. И повторно магија....иако имасе негодуванја и минимално лечење на Суети и хранење на Его....СИТЕ ОСТАНАТИ МНООООГУ ПОСТАРИ ЕДИНИЦИ без збор влегоа во прикаската. Застанаа зад идеата СИЕ КАКО ЕДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА. Ееејјј ни воени преврати, ни математики...само за да докажеме дека можеме, за миг сите станавме ЕДНО.

Испишуваме историја...Експериментот е успешен. Соберени во еден виртуелен сервер функционираме онака како што треба да функционираме и во реалност. Значи сме можеле. Сме можеле без ни најмала еуфорија, најтивко на цел свет СЛОЖНО ДА ГО БИРАМЕ СЕКОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Сме можеле да си веруваме 100% еден на друг. Сме можеле БЕЗРЕЗЕРВНО ДА СИ ПОМАГАМЕ КОГА НИ БИЛО НАЈТЕШКО. СМЕ МОЖЕЛЕ ДА НЕ СЕ ЗАМАРАМЕ КОЈ ОД КОЈА ПАРТИЈА БИЛ. ДА НИ Е НАЈБИТНА САМО МАКЕДОНИЈА. Откривме нов потенцијал. Само треба да го негуваме и претвориме во реалност. Надвор од серверите. Пополека....ништо не бидува преку нок. ПОЗДРАВ МАКЕДОНИЈО!

п.с неостварена желба...Наредно кафе да го пијам во еВаршава. Па макар и да ми е последно...🙂